Операцијата awake brain surgery е триумф на целата клиника вели проф. д-р Венко Филипче

Во последната епизода од нашиот поткаст посебно внимание му дадовме на светот на медицината со особен фокус на еден од најистакнатите неврохирурзи во нашата земја и поранешен министер за здравство, професор д-р Венко Филипче.
Неврохирурзите, како претставници на специфична и витална област во медицината, често се соочуваат со предизвици и моменти кога се одлучува за живот или смрт на пациентите. Оваа струка бара не само високо степен на стручност туку и 24-часовна посветеност на пациентите. Развивањето на еден особен однос со пациентите, карактеризиран со емпатија, е неизоставен дел од нивната работа, вели д-р Венко Филипче за Својкаст.

За прв пат во историјата на неврохирургијата во нашата држава, беше направена операција на мозок со свесен пациент (awake brain surgery). Филипче смета дека операцијата на буден пациент, беше вистински триумф за целата клиника и покажа дека ангажираноста на целиот тим е клучна. Кога се создава нешто ново, организацијата игра критична улога. Тој смета дека со овој воспоставен систем се обезбедува секој пациент добие висок степен на лекување во нашата држава со што истовремено се создава заштеда на средстава од фондовите. Освен оваа Филипче зборуваше и за уште една нова интервенција – лекување на паркинсонова болест со хируршка интервенција како следен чекор во еволуцијата на клиниката во Скопје.

viber_image_2024-02-02_20-21-00-075

Дел од дискусијата беше наменета за стресот како фактор кај мозочните удари. Како што рече нашиот гостин стресот, согласно научните истражувања, е препознаен како еден од најголемите ризични фактори за мозочен удар. Посебно во денешното брзо и зафатено општество, каде што луѓето се изложени на различни видови притисоци, важно е да се разгледа начинот на кој стресот може да влијае на нашето здравје. Менаџирањето на стресот станува поедноставно кога се освестува дека зависи од нас. Способноста да го контролираме и управуваме со нашите реакции на стресот е во нашите раце и може да придонесе значително за нашата општа благосостојба.

Со Филипче зборувавме и за неговата улога како како поранешен министер за здравство во времето кога целиот свет се соочуваше со КОВИД пандемија како еден од најтешките периоди во историјата на државата. 

Тој смета дека навремено информирање и ефективна комуникација со јавноста беа посебно важни во текот на пандемијата. 

Како министер и јавна личност, се трудев без дилема да ги примам и одговорам сите прашања од граѓаните прифаќајќи ги со убедливост дека никој нема лоши намери, туку само дека постоеше страв и потреба за одговори кај граѓаните.

Како професор, мојата цел е да ги водам и воведувам студентите во светот на знаењето и истражувањето. Преку моето искуство, се обидувам да ги поддржам и мотивирам студентите да се ангажираат со учењето и да го истражуваат светот на науката. 

Филипче им порача им дека образованието е моќно средство, затоа треба да биде нивното оружје во борбата за знаење и развивање. 

viber_image_2024-02-02_20-21-00-468

Учителите и наставниците се тука да им помогнат во ова патување, па затоа треба да ја искористат ги секоја можност за учење. Проширувањето на знаењето е клучно за успешното справување со предизвиците кои престојат пред нив. Им порача да не плашт и да истражуваат, да поставуваат прашања и да го разгледувате светот околу нив. Секоја информација што ја научат е камен-темелник за нивна лична и професионална изградба.

Целиот поткаст гледајте го овде 👉https://www.youtube.com/watch?v=htAp3_L6Ymc