Northrop Grumman доби дозвола да започне со производство на првата серија на стелт бомбардери B-21 Raider.
Оваа информација ја потврди Вилијам Ла Планте, американски потсекретар за стекнување и одржување на Министерството за одбрана, кој рече дека плановите за производство се „зрели и се засноваат на успешни пробни летови и копнени тестови“:
„Дадов зелено светло да се започне со производство на Б-21 со ниска стапка“, изјави тој за списанието Air and Space Forces, цитирано од Aerotime.
Б-21 го направи својот прв пробен лет во ноември 2023 година од фабриката 42 на Нортроп Груман во Палмдејл, Калифорнија, кога полета до базата Едвардс.
Овој бомбардер е направен со намера да ги задржи и подобри стратешките способности на воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави (USAF) и да стане главна компонента во она што САД го нарекуваат свој „одбранбен арсенал“.
Бомбардерот со прекар Серберус продолжува да врши пробни летови од воздухопловната база Едвардс во Калифорнија. Овој Б-21 е еден од шесте примери во претпродукција. Се претпоставува дека уште еден модел е на тестирање на земја, додека останатите авиони најверојатно ќе завршат во оперативна употреба, пишува порталот The Drive.
Се очекува B-21 Raider да влезе во активна услуга до 2026 година и постепено ќе ги замени наскоро застарените стратешки бомбардери B-2 Spirit и B-1B Lancer, кои беа клучни средства за воздушни напади со долг дострел со децении.
УСАФ предвидува дека во иднина ќе смета на B-21 Raider и B-52 Stratofortress во стратешките бомбардери, кои во моментов се во процес на нова модернизација. Бројот на нарачаните авиони Б-21 Рајдер (100) го надминува збирот на бомбардерите Б-1 и Б-2 во моментот во служба