Ледените прстени на Сатурн во иднина нема да бидат видливи за луѓето кои ќе ги набљудуваат со телескопи, а остануваат уште околу 18 месеци за љубителите на астрономијата да уживаат во нив.
Како што потврди НАСА, прстените ќе можеме да ги видиме до 2025 година, пред Сатурн да се навали претворајќи ги огромните прстени во речиси невидлива линија, пишува Daily Mail.
Прстените на Сатурн се огромни, а на некои места се протегаат и до 140.000 километри, но се тенки „како хартија“, само околу 10 метри, поради што се „исчезнуваат“ кога се гледаат од страна.
Сепак, прстените нема да исчезнат засекогаш, туку повторно ќе бидат видливи за 29 години, кога Сатурн ќе ја заврши својата орбита околу Сонцето.
Поради навалувањето на неговата орбита, Сатурн малку се ниша кон Сонцето и подалеку од него за време на неговиот орбитален период. Тоа значи дека на секои 13,7 до 15,7 години, Земјата совршено ја гледа планетата од страна. Во сегашната положба, прстените на Сатурн се навалени надолу кон Земјата под агол од 9 степени и до 2024 година тој агол ќе се намали на само 3,7 степени.
Последен пат овој редок астрономски настан се случи во септември 2009 година, а пред тоа не се случи од февруари 1996 година. Астрономите нема да добијат шанса повторно да го видат Сатурн од оваа единствена перспектива до октомври 2038 година.