„Да се види како се создава нов пејзаж пред твоите очи е привилегија што ја имаат многу малку луѓе“, вели Јероен Ван Нивенхов, белгиски професионален фотограф кој живее во Исланд.
Во попладневните часови на 10 јули, теренот во Исланд неочекувано се отвори. Се појавија три пукнатини североисточно од основата Литли-Хрутура – мала планина на полуостровот Рејкјанес – и почнаа да исфрлаат лава и облаци од гас високо во воздухот.
Последната ерупција на Исланд не предизвика големо изненадување. Литли-Хрутур (што значи „мал овен“) е дел од вулканската област Фаградалсфјал каде вулканите еруптираа во март 2021 и август 2022 година, по пауза од речиси 800 години, а областа беше потресена од повеќе од 12.000 земјотреси во текот на неколку дена.
Пукнатините првично се протегале на неколку километри, а од три реда напукната земја бликала лава. Двете пукнатини се затворија следното утро, а потоа изби лава од издолжен конус кој прерасна во голем кратер, создавајќи го она што некои го опишуваат како „бебешки вулкан“.
За само една недела, кратерот пораснал на околу 30 метри во висина. По огромното количество лава што го изгоре мовот од пустинскиот регион, на ред дојдоа ветровите кои ги раширија пожарите, а областа стана опасна поради чад, гасови и пожар.
Локалните пожарникари имаа полни раце работа, но на крајот успеаја да го локализираат пожарот. Кога областа конечно беше отворена за јавноста на 17 јули, посетителите се собраа да го видат реткиот феномен. Од паркингот до гледиштето со поглед на кратерот, треба да пешачите или да возите девет километри по претежно рамна патека.
„Да се види како се создава нов пејзаж пред твоите очи е привилегија што малкумина ја имаат. Многу сум среќен што ерупцијата се случи на најфотогеничната локација наоколу, со живописниот шилест врв Кеилир како позадина. Растојанието до таму е подолго од претходните години, а походот е напорен, навистина вреди“, вели Јероен Ван Нивенхов, белгиски професионален фотограф кој живее во Исланд.
Ерупцијата заврши на почетокот на месецот, а дали ќе има нови ерупции останува да видиме.