Дали сите млечни производи предизвикуваат надуеност и како да го спречите тоа

Млечните производи многу често предизвикуваат надуеност заедно со други дигестивни симптоми и се меѓу намирниците кои генерално не се препорачуваат за консумирање. Постојат исклучоци, но тие се однесуваат не само на храната, туку и на основниот здравствен проблем, кој не мора да биде единствен.

Надуеност, дијареа и млечни производи: кои други симптоми се јавуваат и што може да биде причината

Алергиите на млеко се повеќе карактеристични за децата, односно новороденчињата, а ги предизвикуваат протеините во млекото. 

Освен надуеност и дијареа, симптомите не се само дигестивни и можат да доведат и до кожни реакции, напади на астма, анафилактичен шок, а во најтешките случаи и до срцев удар. Во повеќето случаи, алергијата исчезнува до 10-годишна возраст.

Важно е да се направи разлика помеѓу алергија на млеко и нетолеранција на лактоза. Кога некој е нетолерантен на лактоза, телото не произведува доволно ензим наречен лактаза, така што не може соодветно да го обработи млечниот шеќер што се наоѓа во млекото и млечните производи. Резултатот е несварена лактоза во цревата и нарушена рамнотежа на бактерии.

Симптомите се, покрај надуеност и дијареа, типични дигестивни знаци дека имаме проблем: болка, грчеви, гадење…

Како да спречите надуеност ако имате алергија на млечни производи

Луѓето со алергија на млеко треба целосно да избегнуваат млеко и млечни производи. Може да доживеат надуеност, гасови и други дигестивни симптоми кога ќе дојдат во контакт со храна која содржи дури и мали количини млеко.

Се препорачува да користат производи кои се алтернатива на млечните производи, пред се од растителна основа (бадем, соја, кокос). Исто така, млечните производи без лактоза не се препорачуваат за луѓе кои се алергични на млеко.

Млечни производи и нетолеранција на лактоза: Дали е можно да се избегне дијареа, надуеност и други симптоми

За разлика од луѓето кои се алергични на млеко, луѓето кои се нетолерантни на лактоза имаат многу поширок избор. Тие можат слободно да консумираат производи без лактоза, како и некои „обични“ млечни производи, само со добра информираност.

Исто така, им се советува да направат избор на храна која ќе ја пробаат во мали количини, со стручна консултација. Тука спаѓаат, пред сè, кефирот, тврдите сирења, како и производите од козјо млеко бидејќи во нив природно се разградува лактозата.

Совети за избегнување надуеност и други симптоми

Експертите велат дека постои шанса да се минимизираат сите овие симптоми, но потребна е одредена дисциплина. Еве неколку совети:

  • намалете ја количината на млечни производи на минимум доколку имате нетолеранција на лактоза (половина шолја млеко), а доколку сте алергични, целосно отстранете ги
  • ако сте нетолерантни на лактоза, не земајте одбрани млечни производи повеќе од еднаш дневно
  • изберете млечни производи со помалку лактоза (тврди сирења – чедар, пармезан, сладолед, козјо сирење, кефир)
  • јадете соја и растителни алтернативи без млечни производи, користете додатоци за кафе без млечни производи
  • земајте додатоци за да помогнете во варењето на лактозата
  • консумирајте јогурт или кефир.