Пакистан е најевтината земја за живеење

Според The ​​World of Statistics, Пакистан е прогласен за најевтина земја за живеење.

За да открие дали е тоа навистина така, Џош Ларкин од каналот на YouTube The Burnt Chip отпатува во неговиот најголем град, главното пристаниште и финансискиот центар – Карачи.

Во Карачи замени една британска фунта или околу 1,2 евра за 400 пакистански рупии и се обиде да дознае што може да купи со таа сума за еден ден. Своите искуства ги сними со камера и видеото го објавил на Јутјуб каде досега го погледнале повеќе од 2,5 милиони луѓе.

На почетокот на денот, Џош Ларкин се освежи на улица со традиционалниот пакистански пијалок дута – направен од млеко, шеќер, мраз и сода, за само 30 рупии.

За ручек јадеше бирјани – зачинето јадење со ориз, компири и пилешко – и пиеше Пепси за само 30 центи, а за вечера уживаше во ражничи од морска храна за 22 центи.

Во Карачи се обиде да јава камили, јаваше тук-тук и го гледал танцот на отровните змии на звукот на флејти. Тој платил само три центи за автобуска карта.

Шетајќи низ Карачи, откри дека изнајмувањето стан во тој град чини околу 50 британски фунти или 60 евра, што е најмалку пет до десет пати поевтино отколку во повеќето европски градови.

Што виделдоживеа и проба Џош Ларкин во Карачи за нешто повеќе од едно евро во најевтината земја за живеење, погледнете во неговото видео подолу.