Милијардери бараат дадилка на кучиња: Дискрецијата е загарантирана, а годишната плата е 117.000 евра

Огласот кој минатата недела беше објавен на веб-страницата на агенцијата „Ферфакс и Кенсингтон“ веќе го виделе 400 апликанти кои сѐ уште не знаат за кое семејство се работи или за кои раси на кучиња станува збор.

Семејството на американски милијардери, кои живеат во Велика Британија, стана апсолутен хит за сите кои бараат работа!

Тие објавија оглас во кој бараат дадилка на кучиња со полно работно време.

Платата на „дадилката на кучиња“ би била околу 127.000 долари или околу 117.000 евра годишно, пренесува.

Оглас за вработување

„Нашиот редовен клиент бара искусен чувар на миленичиња кој одлично ќе се грижи за нивните две сакани кучиња“, стои во описот на работата.

„Тие бараат некој кој е на врвен во својата работа, кој може да ја гарантира целокупната благосостојба, среќа и безбедност на нивните кучиња“, се вели во додатокот.

Во огласот објавен од агенцијата „Ферфакс и Кенсингтон“ пишува дека избраната личност би живеела со ова семејство во лондонскиот кварт Најтсбриџ и „би се грижела за кучињата, третирајќи ги како ценети членови на семејството“.

Платата е доста висока

Агентот за регрутирање Џорџ Дан рече дека ова е прв пат агенцијата да се огласи за дадилка на кучиња. Откако беше објавен минатата недела, огласот го виделе речиси 400 потенцијални кандидати.

„Платата е „прилично невообичаена“, а клиентите се милијардери кои ја бараат најдобрата услуга. Бидејќи тоа се нивните кучиња, тие со задоволство ќе платат. Кога парите не се проблем, луѓето го сакаат најдоброто, а вие го привлекувате најдоброто со најдобра плата“, рече Ден.

Што вели описот на работното место?

Според описот на работното место на веб-страницата за вработување, работата на дадилката би вклучувала давање терапија, транспорт и излети на кучињата, како и развивање на режим на вежбање „притоа користејќи техники за позитивна мотивација за одржување и подобрување на нивната обука“.

Секој што аплицира за работата треба да биде подготвен да работи посебни часови, „вклучувајќи вечери, викенди и празници, за да се приспособат на потребите на кучињата и распоредот на семејството“.

Кандидатот за оваа позиција, исто така, мора да покаже „способност да ракува со чувствителни информации со најголема дискреција и доверливост“.

Агентот Ден одби да ги открие расите на кучињата и идентитетот на семејството.

Тој додаде дека работата повлекува шест недели одмор, но тоа не е загарантирано.