Соопштение: Алпинистички клуб „Скала“

Почитувани пријатели,
На 24ти и 25ти јуни (саботата и неделата) ве покануваме да ги истражуваме заедно мистериите кои се кријат по вертикалните падини на Беласица!!
Во истиот период на одржување на настанот “Мистериите на Беласица”, организиран од велосипедскиот клуб “Актив” од Струмица, ќе се одржи и една од планираните годишни активности на алпинистичкиот клуб СКАЛА од Струмица. Минатата година во истиот период, направивме неколку насоки по вертикалните падини на локалитетот Сечена Скала, на кои за прв пат голем број на учесници на настанот ја почувствуваа возбудата на искачување на карпа. Сите оние кои сакаат да се дружиме повторно, да се обидат пак, а и оние кои пропуштија минатата година, а сакаат да го сторат тоа, можат да дојдат во саботата и во неделата на 24ти и 25ти јуни, во подножјето на карпата Сечена Скала, која се наоѓа покрај патот кој води кон врвот Тумба на Беласица.
Опремата за обезбедување на карпа, појаси, јажиња и кациги ја носиме ние.
Повелете!! 🙂
( Преноќуваме сместени во шатори во близина на врвот и доколку некој сака да се приклучи од саботата потребно е да носи вреќа за спиење, подметка, шатор и храна)