Струмички гитаристи од класата на м-р Васко Пиличев на тридневен фестивал на Крушево град на културата

Позајмено од ДРНКА.МК

Во рамките на манифестацијата „Крушево град на културата 2023“ од денеска па до 18 ти јуни се одржува интернационалниот гитарски фестивал ,,ART KUL“ во организација на P.S. Guitar Fest ќе земат учество и стручки гитаристи  предводени од М-р Васко Пиличев. Станува збор за за 14 ти по ред фестивал кој има за цел освен да презентира концерти со гитара туку и едукација со новите трендови на музицирањето со гитара од страна на почетници но и лица кои се занимваат со ова музика. Покрај тридневната работилница на фестивалот има и други два концерти и тоа на виртуозот од Хрватска Петар Чулиќ и нашиот Антонио Ристески кој е мултиинструменталист и кој практично свири на повеќе инструменти одеднаш
,,Чест и задоволсто ми претставува учеството на овој фестивал но и голема одговорност поради фактот што низ фестивалот поминале навистина големи гитарски имиња а еве јас со свои ученици трет пат сум дел од него, и оваа година ќе го затвориме истиот што навистина претставува задоволство но и голема одговорност. Како наставник секогаш се трудам учениците да имаат настапи пред различна публика и тоа е навистина добра шанса за нив да се истакнат и да уживаат во настапите, посебен шмек му дава настапот во спомен куќата на Тоше каде секогаш е предизвик да се музицира поради величината на името кое го носи,, ни изјави Васко Пиличев