Славје на Академија Пандев на стартот од турнирот во Златибор- го шокираше ланскиот шампион Војводина

Позајмено од ДРНКА.МК

Кадетскиот состав на Академија Пандев го шокираше ланскиот шампион на турнирот КУП на Пријателство што се одржува во Златибор. Со 1:0 на славеа победа над Војводина кој се сметаше за фаворит и на годинашново издание. Лазе Милошевиќ беше стрелец на единствениот гол на денешниот меч со што широко си ги отворија вратите за пласман во втората фаза. Според информацијата избраниците на Мартин Алаѓозовски и Тони Атасов биле доминантни во целиот наптревар
,,Заслужена победа на нашите фудбалери. Имавме повеќе од играта и повќе шанси за гол. Војводина има доста силен тим но го дадовме максимумот во овој меч,, сооопштија од стручниот штаб на ФК Академија Пандев
Според програмата следен противник на струмичани е тимот на Сараево. На турнирот учествуваат вкупно 12 екипи од повеќе европски држави