Редовната физичка активност има 7 здравствени придобивки

Редовната физичка активност може да ни помогне да стекнеме или да ја подобриме „кондицијата за живот“. Без разлика дали сте почетник, нов во фитнесот, на пример, или „фанатик“ за вежбање, експертите истакнуваат дека добро заокружената програма за тренинг е од суштинско значење. Фитнес-тренингот, како што велат, ги балансира 5-те елементи на доброто здравје, а планот за вежбање треба да вклучува – аеробна кондиција, тренинзи за сила, основни вежби, тренинг за рамнотежа и флексибилност и истегнување.

Физичката активност прави да се чувствуваме подобро и да живееме подолго.

Ако сакате да се чувствувате подобро, да имате повеќе енергија, па дури и да додадете една година во вашиот живот, експертите истакнуваат 7 начини на кои вежбањето може да ни го обезбеди ова:

  1. Со вежбањето се контролира телесната тежина

Вежбањето може да ни помогне да ја контролираме тежината, да спречиме зголемување на телесната тежина или да ни помогне да изгубиме вишок килограми. Редовната физичка активност согорува калории, а колку е поинтензивна активноста, толку повеќе калории се согоруваат.

  1. Вежбањето помага во борбата против срцевите заболувања

Физичката активност ги зголемува липопротеините со висока густина или HDL или „добриот“ холестерол и ги намалува нездравите триглицериди. На овој начин се одржува непрекинат проток на крв со што се намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

  1. Вежбањето го подобрува расположението

Физичката активност стимулира различни супстанции во мозокот кои прават да се чувствуваме посреќни, поопуштени и помалку вознемирени. Исто така, кога човек редовно вежба, има подобра линија и затоа се чувствува подобро за својот изглед, што исто така може да ја зголеми самодовербата.

  1. Вежбањето ја зголемува енергијата и физичката подготвеност

Редовната физичка активност може да ја подобри мускулната сила и да ја зголеми издржливоста. Вежбањето им обезбедува на ткивата доволно кислород и хранливи материи и му помага на кардиоваскуларниот систем да функционира поефикасно. А кога ќе се подобри здравјето на срцето и белите дробови, човекот има повеќе енергија за секојдневните задачи.

  1. Вежбањето промовира подобар сон

Редовната физичка активност може да ни помогне да заспиеме побрзо, да спиеме подобро и да се разбудиме одморени.

  1. Вежбањето ја враќа „искрата“ во сексуалниот живот

Кога ќе се соберат сите придобивки од физичката активност, доаѓаме до формулата дека вежбањето може да го подобри нивото на енергија и да ја зголеми самодовербата во физичкиот изглед, а сето тоа заедно го подобрува сексуалниот живот. Редовната физичка активност може да ја зголеми и возбудата кај жените, а мажите кои редовно вежбаат имаат помали шанси да имаат проблеми со еректилна дисфункција отколку мажите кои не вежбаат.

  1. Вежбањето може да биде забавно и општествено пожелно

Вежбањето и физичката активност можат да бидат многу пријатни за човечкото тело.Имено, вежбањето ни дава можност да се опуштиме, да уживаме на отворено или едноставно да учествуваме во активности кои не прават среќни. Физичката активност исто така може да ни помогне да се поврземе со семејството или пријателите во забавна социјална средина, проширувајќи го нашиот социјален круг.