Пpашуваме: Имате ли контрола колку и какви содржини од интернет доаѓаат до Вашите деца?

„Уапсена струмичанка која овозможила двајца малолетници да силуваат малолетно девојче кое не наполнило 15 години“, „Две малолетни девојчиња од струмичко исчезнаа во Скопје за време на еднодневна екскурзија“…. Ова се само дел од насловите кои ја потресоа струмичката јавност изминативе месеци поврзани со малолетници.

За првиот настан кој се случил за време на Новогодишната ноќ надлежните отворија истрага при што 21 годишна струмичанка доби притвор од 30 дена додека малолетниците добија надзор од Центарот за социјални работи и ќе одговараат по мерката согласно член 114 од Законот за правда на децата.

Првите наоди се дека Осомничената ја потикнувала и го довела во алкохолизирана состојба девојчето кое нема 15 години, ја соблекла во една од собите овозможувајќи им на двајца малолетници да го силуваат девојчето кое за цело време давало отпор.

Вториот настан ја крена македонската јавност. Две девојчиња од општина Босилово под изговор дека си го заборавиле новчаникот во околниот маркет го напуштиле автобусот кој тргнувал кон родното место и им се губи трага, по што сите се вклучија во потрага. Девојчињата по 7 часа чии телефони беа исклучени беа пронајдени во непосредна близина од месото кое го напуштиле. Одговор како се загубиле и каде биле за време на тие 7 часа и зошто никаде не побарале помош нема.

Двата случаи крена лавина реакции по социјалните мрежи за одговорноста на општеството, заедницата, родителите, просветните работиници при што посочија дека тоа е резултат и на влијанието на видеата кои се достапни на децата на интернет и социјалните мрежи. Постои ли врсничко насилство на социјалните мрежи или било каков тип на насилство меѓу адолесцентите за ваквите појави. Кој е крив, што треба да се превземе, како да се превенира. Ова се дел од прашањата кои Биди Свој ги поставува за да лоцира колкава е врската меѓу врсничкото насилство и се она што се пласира на социјалните мрежи.

Сакаме да го слушнеме мислењето на родителите, професорите, стручните служби, бидејки повеќе од неопходно е дека е потребен дијалог и системско решение за овој проблем. Преку оваа анкета ќе се обидеме да ги лоцираме критичните точки дали водиме сметка што се гледаат децата на социјалните мрежи и на интернет и како да го надминеме феноменот врсничко насилство на социјалните мрежи.

Анектата е во продолжение