Македонците од Лондон кои со две такси возила тргнаа кон Македонија, денеска преку граничниот премин кај Делчево влегоа во државата. Но за жал во Германија едното такси ,,зариба“ па во земјава стасаа со едно англиско таски возило и едно кое го обезбедија од Швајцарија.
Станува збор за Драган Крстев од струмичко Ангелци, Дејан Коцев од Свети Николе, Кико Маневски од делчевско, Трајче Трајков од Кавадарци заедно со Ендрју Ворт од Англија. Тиеизминативе десет денабеа во добротворна патувачка мисија низ 15 европски држави за да ја анимират јавноста за хуманост и собираат донации за помош и извозија според нивните пресметки околу 5 200 километри.
,,Сакаме да шириме позитивна енергија.Свесни сме дека неможеме да правиме големи работи туку да ги потикнеме граѓаните со мали донации да направат хуман гест. Добро бевме пречекани насекаде и ја раскажавме нашата мисија и која ни е целта. Влегуваме во Делчево и остануваме еден ден па планираме да ги посетиме Св.Николе, Струмица Кавадарци, Скопје Дел од средствата имаме за една лондонска болница но имаме намера да ди донираме во Домот за деца без родители“, кажа актерите кои се нафатија на овој подвиг.