Славица Ангелова повторно блесна во „Ѕвездите на Гранд“ и директно отиде во 6 тиот круг од шоуто

Позајмено од ДРНКА.МК

Славица Ангелова од Струмица се пласираше во шестиот круг од музичкото телевизиско шоу „Ѕвездите на Гранд“. Таа доби шест гласови од жирито  откако  ги отпеа песните „Да те волим“ од Александра Ковач и „Угаси ме“ од Парни Ваљак.
Во дуелот со Ксенија Тану имаа ист број на гласови но по прегласувањето жирито беше наклонето кон белорусинката иако не штедеа пофални зборови и за 21 годишната струмичанка која после неколку натпреварувачки парови, Саша Поповиќ соопшти дека Ангелова од Струмица директно се пласира во 6 круг од шоуто.
,,Горд сум на твоите пејачки способности, бескрајно горд. Конечно се опуштив кога почна да ја пееш втората песна. Имаш некој нерв. Така си мала како џебна Венера а таква пејачка се раѓа еднаш во 40 години,, рече менторот на Ангелова – Ѓорге Давид