Советот на општина Струмица треба да донесе одлука за обезбедување приближно 6 милиони денари за изградба на повеќенаменското игралиште и паркинг на просторот на локацијат ана поранешната ,,маларична“ која се исчисти. Одлуката се очекува да се донесе со ребаланс на Буџетот на општината на седница до крајот на месецов, кажа граодначалникот Костадин Костадинов кој изврши увид на просторот, кој изминативе денови се чистеше за штоопштината потроши 1,8 милиони денари
,, Се надевам дека мнозинство советници ќе гласаат, со ребалансот на буџетот да се обезбедат приближно 6 милиони денари за изградба на спортското игралиште и паркинг на овој простор. Станува збор за спортски терен за кошарка и мал фудбал, паркинг простор како за автомобили така и за автобуси со оглед на се големито број автобуси со посетители што доаѓаат на Св. 15 и Џамијата. Просторот ќе биде уреден и со клупи за одмор и зеленило. Имаме проектна документација. Ако советниците донесат одлука, летово ќе ја објавиме јавната набавка а во септемеври да почнеме со изградба,, рече Костадинов запрашан кога ќе се градат игралиштето и паркингот.