За да бидете во тек со сето она што се случува во животот на вашите деца, комуникацијата е неопходна, но не сите деца зборуваат или сакаат да ги споделат со своите родители деталите за тоа како поминал нивниот ден.
Рутина за разговор
Рутината на разговори после училиште е доста важна, не само затоа што подобро ќе разберете какви им се деновите кога не се со вас, туку таквите разговори можат да послужат како одличен почеток на разговор за други теми.
Преку овие прашања веруваме дека ќе добиете одговори подолги од еден збор.
Што рече (пријател, учител) денес?
Заедно со класичното прашање „како беше на училиште“, прашајте ги децата и што кажал некој, како наставникот или најдобриот пријател, бидејќи ова прашање ќе ги натера децата да размислат што навистина некој кажал и има големи шанси да добиете поконкретни и подетални одговори.
Дали нешто ве исплаши на училиште денес?
Ова прашање не мора да го поставувате секој ден, освен ако не ја видите потребата, но еднаш неделно е сосема во ред со цел малку повеќе да ја запознаете околината на вашето дете и да откриете дали се плаши од нешто.
Таквите работи обично нема да се научат преку некој спонтан разговор, но информациите се вредни.
Што те насмеа денес?
Освен што ќе се смеете и вие, децата обожаваат да споделуваат такви работи и сигурно ќе им биде драго што со шега ви донесоа насмевка на лицето.
Што играше за време на одморот?
Овде ќе дознаете и како поминал одморот и со кого се дружело вашето дете и со кого го поминува поголемиот дел од слободното време.