Има причина зошто постарите луѓе се будат рано – тоа е дел од природниот процес на стареење. Како што старееме, нашите тела се менуваат внатре и надвор, што е главната причина за промените во навиките за спиење кои доаѓаат подоцна во животот.
Раното будење е дел од природниот процес на стареење
Заедно со промените во физичкото и менталното здравје, мозокот станува помалку чувствителен како што старееме. Затоа постарите луѓе се заморуваат пред своите деца или внуци, но се будат целосно одморени порано од другите.
Светлината што влегува во очите исто така игра улога
– Се чини дека една од причините за порано будење е тоа што промените во видот кои доаѓаат со возраста го намалуваат интензитетот на светлосната стимулација што ја прима нашиот мозок – вели Синди Лустиг, професорка по психологија на Универзитетот во Мичиген.
Тоа е особено точно за луѓето со катаракта, честа остојба која погодува повеќе од 50 отсто од луѓето постари од 80 години, според Националниот институт за здравје на САД. Катарактата предизвикува заматен вид, двоен вид и други проблеми со видот.
Зошто е важно? Бидејќи помалку светлина влегува во очите поради проблеми со видот предизвикани од катаракта, телото почнува да ослободува мелатонин (хормонот за спиење) порано отколку што треба. Кај помладите луѓе, мелатонин почнува да расте по зајдисонце. Мозокот на луѓето со катаракта мисли дека зајдисонцето било порано, што ги уморува пред вечер, а порано легнување значи и порано будење.
Како да спиете подобро во старост?
Доколку се препознавате во горенаведеното и сакате да спиете поквалитетно, Лустиг има неколку совети. Прво, изложете се на силна светлина во доцните вечерни часови. Ова може да значи одење на прошетка пред зајдисонце, читање книга на светол екран на таблетот или гледање телевизија со светол екран.
– Силната светлина може да му каже на мозокот дека сонцето сè уште не зајдело, што ќе го запре производството на мелатонин. За да си помогнете и да останете будни уште малку, обидете се да ги правите горенаведените работи 30 до 60 минути пред зајдисонце – предлага Лустиг.
Исто така, треба да избегнувате алкохол бидејќи една чаша од омилениот пијалок може да ве заспие и да го наруши квалитетот на сонот. За да добиете подобар ноќен сон, можете да се обидете и да вежбате.
Сè на сè, промените во режимот на спиење се дел од животот. Иако некои од овие фактори се надвор од ваша контрола, можете да им се спротивставите со здрави навики за да се одморите најдобро што може.