Најскапата аквариумска риба на светот, достигнува цена од дури 70.000 долари

Позната и како „риба змеј“, оваа украсна риба, чија популарност се базира на легендата дека скока од аквариумот за да го предупреди сопственикот, се чува во приватни езерца, каде е заштитена од крадци со бодликава жица и катанци. 

На крајот од калливата патека обложена со „гумени“ дрвја, човек по име Херман гордо го подарува езерцето на своето семејство. Околу 70 азиски аровани, високо ценети украсни риби меѓу акваристите, пливаат во три правоаголни езерца. 

Родителите на Херман се државни службеници во селото Селимбау во Западен Калимантан, провинција на индонезискиот остров Борнео. Но, продажбата на арована им носи многу подобар профит. 

Младата риба достигнува големопродажна цена од 268 долари, што е повеќе од просечната месечна плата во Индонезија. Поголемите примероци чинат уште повеќе. Жичаните мрежи и ЦД-а врзани со јаже над езерцето ги штитат рибите од орли, а ѕидовите од брановиден бел метал, караули, бодликава жица и катанци од крадци. 

Азиската арована или „риба змеј“ е најскапата аквариумска риба во светот. Доаѓа во многу бои и се гледа низ Југоисточна Азија. Во Сингапур, просечната цена на младите аровани е 300 долари. Ретките видови, како оние во Западен Калимантан, препознатливи по бојата, достигнуваат цена од 1.500 долари. Возрасни албино примероци се продаваат за астрономска цена од 70.000 долари! 

Пред да станат познати како митската „риба змеј“, арованите ја добија титулата статусни симболи. тие порано беа храна на сиромашните во земјите од Југоисточна Азија, каде што живеат во нивното природно живеалиште. 

Емили Војт во својата книга „Змејот зад стаклото“ пишува дека нивниот престиж нагло се зголемил по напорите за зачувување на видот во 1970-тите. Оваа риба стана интересна, бидејќи се најде на листата на загрозени видови. 

Богатите Сингапурци трошат цело богатство на козметички третмани за овие миленичиња риби. Козметичката хирургија на нивните очи стана стандардна процедура што ја изведува Јуџин Нг, еден од најпознатите естетски хирурзи за азиски аровани во Сингапур. Со пинцета го отстранува ткивото зад окото на рибата и го турка очното јаболко подлабоко. 

Приказните за самопожртвуваност со скокање од аквариуми за да ги предупредат сопствениците на лоши инвестиции и опасности само ја зголемуваат популарноста на овие риби. 

Аквариумските риби, особено азиските аровани, носат среќа и богатство, вели Кени Јап, директор на една од најдобрите рибни фарми во Азија. 

Riba 3