По најавите за можно затворање на одредени социјални мрежи за учениците, дигиталната платформа ,,Биди Свој“ спроведува анкета дали учениците во основните училишта од 6 до 9 то одделение, треба да носат мобилни телефони за време на изведување на настава, односно додека престојуваат на школо. Целта е да го слушнеме мислењето на сите вклучени чинители, откако се појавија несакани појави меѓу адолесцентите во опкружувањето но и зачестените видеа со недолично однесување за време на настава.
Според одредени упатени, носењето мобилни телефони за време на училиште го потикнува ученикот да го користи и да ги гледа објавените содржини по социјалните мрежи при што ученикот воопшто не е сконцентриран на предавањата, вежбите односно наставниот матријал. Други пак сметаат дека учениците треба да ги носат за да имаат полесна комуникација меѓу децата со родителите за време на одморите но не и за одржување на настава. Трети пак се убедени дека децата треба да носат мобилни и да ги користат за дополнителни истражувања за одреден матријал кој се обработува на наставниот час.
„Дали сметате дека децата треба да носат мобилни телефони во училиште? Кој треба да ја донесе одлуката за неносење телефон? Каква е комуникацијата родител – наставник и обратно? Дали децата се доволно заштитени за време на училиште од насилство?“
Ова се дел од прашањата за кои бараме одговор но и Ваши мислења и објаснување како родители, наставници, ученици на поставените прашања.
Анкетата е анонимна.