Според некои истражувања, мозочните клетки можат да живеат речиси двојно подолго од нивните соодветни телесни клетки. Студијата објавена во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences покажа дека невроните, или мозочните клетки на глувчето, вградени во мозокот на стаорците можат да преживеат речиси двојно подолго од нивниот природен животен век во матичниот организам. Ова откритие е добра вест за ентузијастите заинтересирани за тоа како би можел да се продолжи животниот век.
„Процесот на продолжување на животот кај луѓето е бавен, но континуиран“, вели коавторот на студијата, неврохирургот Лоренцо Маграси од италијанскиот универзитет во Павија. Кога човечкиот животен век би можел да се продолжи на 160 години, во тој случај „не би ги изгубиле своите неврони бидејќи нивниот животен век не е фиксен“. За разлика од сите други клетки во нашето тело кои постојано се обновуваат, луѓето се раѓаат со речиси сите неврони што некогаш ќе ги имаат. Маграси и неговите колеги беа заинтересирани дали невроните би можеле да ги надживеат организмите во кои живеат. За да го најдат одговорот, тие изолирале неврони од глушец и ги вградиле во мозокот на 60 фетуси на стаорци. Тие потоа биле оставени да го живеат својот животен век на стаорци, само за да бидат евтанизирани при смртта, кога веројатно немало да преживеат повеќе од два дена. Следеше анализа на нивниот мозок. Просечниот животен век на глувците е околу 18 месеци, додека стаорците живеат речиси двојно подолго. Стаорците го живееле својот живот нормално (иако не биле многу попаметни) и не биле пронајдени знаци на некакви невролошки нарушувања. Откако стаорците умреле, откриено е дека невроните трансплантирани од глувците се уште се живи, што значи дека е можно клетките да преживеат подолго доколку се пресадат во вид со подолг животен век.
Откритието покажува дека нашите мозочни клетки нема да умрат пред нашето тело. „Замислете колку би било страшно ако го надживеете сопствениот мозок“, рече Маграси. Иако експериментите се вршени на глувци, а не на луѓе, тие сепак укажуваат на можноста трансплантацијата на неврони да биде корисна во лекувањето на дегенеративни болести како што се Алцхајмеровата или Паркинсоновата болест, рече Маграси. Сепак, фактот дека нервните клетки можат да живеат бесконечно не значи дека луѓето можат да живеат вечно. Процесот на стареење е под влијание на многу повеќе фактори отколку животниот век на одделни делови од телото, а научниците сè уште не разбираат целосно зошто луѓето стареат, заклучил Маграси.