Ученици од СОУ,, Димитар Влахов“ под менторство на професорката Маре Караристова, направија видео со кое апелираат за чување и негување на мајчиниот јазик. Видеото е изработено по повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај од страна на активот по македонски јазик при ова училиште.
,,Македонскиот јазик е наследство, аманет од нашите предци. Многу векови сме биле лишени од овој скапоцен елемент на нашиот идентитет. Ова нација биле принудувана да го величи туѓиот а да го омаловажува својот јазик. Но се појавија македонисти кои им прокосија на сите надворешни влијанија ……… Иако денес македонскиот јазик е офоромен, ова не е крајот, јазикот е жива материја и треба да се полева со заслуженото внимание од идните генерации….,, велат меѓу другото учениците во видеото