Голем број луѓе чувствуваат наклонетост кон домашните миленици и уживаат во нивното друштво. Тоа воопшто не треба да чуди, ако се земе предвид дека заедничкиот живот со животните може да биде голема радост во животот. Купувањето или посвојувањето на домашно милениче е важна одлука која бара време, пари и трпение. Ако им посветите внимание и љубов, тие ќе ви вратат повеќекратно. Не им е важно дали си стар или млад, богат или сиромав, убав или не. Ќе те сакаат онаков каков што си.
Домашните миленици можат да бидат многу ефикасни и влијателни во развивањето различни емоции кај нивните сопственици, без разлика дали се тоа деца или постари лица, вели сопственичката на кучето Марија.
“Имам куче кое е толку весело што кога и да се видиме не ми дозволува да бидам мрачен и расположен. Дефинитивно многу позитивно влијае на мене и на моето расположение. Имаше навистина моменти кога беше непослушен и ми падна на нерви.Тоа беше на почетокот, кога беше мал, кога ги остри забите на мебелот и на влечките.Тој е како мало дете.Има грижа дали е гладен, дали е жеден , а за време на новогодишните празници заедно преживеавме пукање петарди и тоа беше многу страшно. Со него физичката активност ми се зголеми многу поради постојаното одење и некако ми се чини дека со него станав многу емотивна личност.” вели Марија.
Психолозите велат дека времето поминато со домашно милениче го подобрува и менталното здравје, социјалниот живот и физичката активност. Милениците можат да играат многу значајна улога во подобрувањето на здравјето. Луѓето кои имаат домашно милениче имаат помала веројатност да страдаат од депресија. Домашните миленици можат да го намалат стресот, а играњето со домашно милениче води до релаксација. Гушкањето со домашно милениче задоволува една од основните човечки потреби , а тоа е потребата за допир.Луѓето кои имаат домашно милениче и повеќе се движат и остваруваат социјални контакти.Со преземање на одредени задачи во грижата за милениците кај децата се развива чувство за одговорност.Кај постарите миленикот придонесува за намалување на. осаменоста, како и чувството дека се корисни, односно дека мора да се грижат за некого.