Младинките на Наковски волеј – ШАМПИОНКИ, во неизвесен меч во Скопје стасаа до нова титула

Младинскиот состав на Наковски волеј станаа Државни шампионки откако во големото финале ги совладаа своите врснички на Вардар ЕМ во Скопје со 3:2 во сетови.
,,Одлична одбојкарска претстава приредија девојките вечерва во салата Борис Трајковски-Скопје против Вардар ЕМ. Со неизвесност и тесни резултати во сите пет сета Наковски волеј го надиграа својот ривал со резултат од 3:2 во сетови.
Младинките на Наковски волеј уште еднаш покажаа дека се достојни за шампионска титула,, соопштија од клубот