Bештачка интелигенција за извршување на домашните задачи

Може да напише предавање, новинарски текст да компонира и за кратко време стигна до најшироката јавност – ChatGPT одамна веќе не е само за експерти и гикови. Родителите во Германија се загрижени за можната употреба на оваа програма за вештачка интелигенција во училиштата. 

А што е ChatGPT за што сега зборува цел свет? 

  

Програма за разговор. Но, корисникот не кореспондира со човечко суштество, туку со компјутер кој реагира како човек и одговара на прашања од широк спектар на области. Тој е способен, на пример, да толкува литература, да пишува песни и приказни. Достапен е за јавноста од ноември. 

Десет проценти од родителите на средношколците изјавиле во истражувањето дека нивните деца веќе користат ChatGPT, на пример за домашна работа. Повеќето не очекуваат дека ова ќе стави крај на традиционалните домашни задачи. Сепак, повеќето родители се против користење на програмата во училиштата. 

„Денес сме само на почеток на процес, чија динамика и обем сè уште не можеме да ја процениме“, рече претседателот на германското здружение на наставници, Хајнц-Петер Мајдингер. Според него, вештачката интелигенција ќе ги промени наставата, училиштата и стратегиите за образование на учениците. 

Сепак, мнозинството граѓани (85 проценти) не мислат дека вештачката интелигенција ќе ги потисне или замени едукаторите. Ова мислење го дели и Мајдингер, кој смета дека личниот однос меѓу наставникот и ученикот останува клучот за успешен образовен процес. 

Дури 74 отсто од анкетираните се согласуваат дека со посилното користење на вештачката интелигенција во училиштата, ќе мора да се редефинира она што е резултат на сопствениот интелектуален напор. 

Извор:DPA