1. Надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2023 година вкупно предвидени 25.000.000 денaри и ќе опфати околу 1.200 домаќинства. Министерството за економија, на лицата кои ќе купат и вградат ПВЦ или алуминиумски прозорци во своите домови, ќе им обезбеди поврат на средства во висина до 50 %, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2023 година, под услов купувачите досега да не користеле средства за оваа мерка. Право на учество на овој јавен оглас ќе имаат лицата кои имаат купено и вградено ПВЦ или алуминиумски прозорци во своите домови во периодот од денот на објавување на јавниот оглас до 31.07.2023 година.
2. Надоместување на дел од трошоците за купување на сончеви термални колекторски системи во домаќинствата за 2023 година вкупно предвидени 15.000.000 денари и ќе опфати околу 1000 домаќинства .За ова мерка Министерството за економија ќе им обезбеди поврат на средства во висина до 30 %, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство за 2023 година, под услов купувачите досега да не користеле средства од оваа мерка.Право на учество на овој јавен оглас ќе имаат лицата кои имаат купено и вградено сончеви термални колекторски системи во своите домови во периодот од денот на објавување на јавниот оглас до 31.07.2023 година.
3. Надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија до 6 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење за 2023 година вкупно предвидени 30.000.000 денари и ќе опфати околу 370 домаќинства. Министерството за економија ќе им обезбеди поврат на средства во висина до 30 %, но не повеќе од 80.000 денари по домаќинство за 2023 година.Право на учество на овој јавен оглас ќе имаат лицата кои имаат купено и инсталирано фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија до 6 kW за сопствена потрошувачка, на градба на која имаат право на сопственост или користење во периодот од 01.01.2023 година до 31.10.2023 година.