КУД „Танец“ од Миравци ја продолжи вековната традиција за македонскиот непокор преку „Ѓура Мара“

гура-мара-1-696x414

Најстарата автентична фолклорна манифестација ,,Ѓура Мара“ се одржа во гевгелиско Миравци. Во организација на КУД „Танец“ на третиот ден од Велигден, жителите од ова село ја продолжија традицијата да се презентира орото кое според легендите го прикажува грабнувањето на убавата мома Мара од турските војници и нејзиното ослободување од братот Ѓуро.

,,Со одржувањето на традиционалната културно-уметничка манифестација, КУД „Танец“- Миравци, кој е долгогодишен организатор на настанот со историско значење, повторно го возобнови минатото на нивните предци преку изведбата на орото, пренесувајќи им ја вековната традиција на нивните поколенија. Како Локална самоуправа секогаш ги поддржуваме ваквите настани, бидејќи на овие настани низ призма на Македонски игри и ора ја негуваме нашата Македонска традиција, го означуваме нашето постоење и градиме иднина за идните генерации,, објави градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов