Истражување: Кои автомобили ги возат интелигентните возачи, а кои оние другите

Луѓето често генерализираат кога ги оценуваат луѓето само врз основа на автомобилот што го возат. Возачите во бес на патиштата често го навредуваат „глупавите возачи“, но дали типот на автомобил што го возите може да биде во корелација со вашата интелигенција?

Истражувањето спроведено од Scrap Car Comparison опфати повеќе од 2.000 возачи на тест за интелигенција. Резултите за коефициентот на интелигенција се засновуваат на перформансите на учесникот на збир на стандардизирани тестови дизајнирани да ја проценат интелигенцијата.

Според студиите, приближно две третини од општата популација ќе имаат IQ резултат помеѓу 85 и 115, додека само 2,5 проценти ќе имаат резултат под 70 или над 130. За оние со резултат  над 144 значи дека сте генијалци, судејќи според скалата на интелигенција Стенфорд-Бинет. Оваа студија пресметала просечни резултати на коефициентот на интелигенција за различни групи возачи, категоризирани по марка, боја и тип на гориво.

Возачите на Шкода се најинтелигентни

Истражувањето покажа дека возачите на Skoda се најинтелигентни од 22-те брендови на автомобили вклучени во студијата, со просечен коефициент на интелигенција од 99. По нив следуваат Suzuki (98,09), Peugeot (98,09), Mini (97,79) и Mazda (95, 91).

На другиот крај на скалата, студијата покажа дека возачите на БМВ генерално имаат понизок коефициент на интелигенција, со резултат од 91,68, заедно со возачите на Fiat (90,14) и возачите на Land Rover (88,58). Сепак, вреди да се напомене дека светскиот просечен коефициент на интелигенција е помеѓу 85 и 115, па сите испитаници биле во тој опсег.

Паметните луѓе сакаат бензин

Со оглед на тоа што ЕУ има намера да ја забрани продажбата на бензински и дизел автомобили во следните 12 години, а се повеќе луѓе ќе се префрлат на електрични возила, истражувачите се прашуваа дали типот на гориво може да корелира со резултатите од коефициентот на интелигенција. Додека возачите на електрични автомобили помагаат за зачувување на животната средина, возачите на бензинските автомобили, според ова истражување, се најинтелигентни.

Возачите на бензински автомобили постигнале просечен коефициент на интелигенција од 94,35, потоа хибридни (93,89) и дизел (92,91), додека возачите на електрични автомобили се рангирани на четвртото место со просечна оценка од 90,19.

И бојата е важна

Откако ќе одлучите за моделот и типот на гориво на вашето избрано возило, следното нешто што треба да го изберете е бојата на вашиот автомобил. Но, дали бојата што ја избирате може да корелира со тоа колку сте интелигентни?

Студијата вели дека може, со просечни резултати од 95,71 на тестот за интелигенција на оние кои го избрале белиот автомобил, што е за неверојатни 7,28 повисоки од оние кои го избрале зеленото возило, кои се рангирани на дното со просечен коефициент на интелигенција од 88,4.

Регистрацијата открива многу

Истражувачите исто така беа заинтересирани за тоа дали персонализираните регистарски таблички се во корелација со високиот резултат на возачот на тестовите за интелигенција. Студијата покажа дека оние кои поседуваат персонализирана регистерска табличка се генерално помалку интелигентни од оние без, при што сопствениците на регистарски таблички постигнуваат просечно 2,2 поени пониски на тестот за интелигенција во споредба со оние кои немаат таква.