Скриен или додаден шеќер, кој се внесува во текот на денот преку храна и пијалоци, е причина за појавата на 45 штетни здравствени проблеми, открија тимови на научници од Кина и Соединетите Американски Држави. Според студијата објавена во British Medical Journal, експертите препорачуваат да се намали потрошувачката на додаден шеќер на околу 6 лажички дневно, додека консумирањето на засладени пијалоци треба да се ограничи на една дневно.
Скриениот шеќер влијае на развојот на астма, дијабетес, срцеви заболувања…
Нашироко е познато дека прекумерното внесување шеќер може да има негативни ефекти врз здравјето, што ја натера Светската здравствена организација да предложи намалување на потрошувачката на додадени шеќери на помалку од 10 проценти од вкупното дневно внесување на енергија. Научниците открија многу штетна врска помеѓу консумирањето шеќер и 45 здравствени состојби како што се астма, дијабетес, дебелина, срцеви заболувања, депресија, некои видови на рак и смрт, меѓу другите.
Ендокрините и метаболичките проблеми се предизвикани од скриениот шеќер во храната
Дневното внесување на „скриен“ шеќер, кој луѓето не се ни свесни дека го внесуваат во организмот, а кој сериозно го нарушува здравјето, беше причина истражувачите од Кина и САД да ги споредат сите претходни студии и 73 мета-анализи на штетноста на шеќерот. Истражувањето открило докази за штетна врска помеѓу шеќерот во исхраната и 18 ендокрини или метаболички резултати, вклучувајќи дијабетес, гихт и дебелина, врска со 10 кардиоваскуларни проблеми, како што се висок крвен притисок, срцев удар и мозочен удар, 7 резултати од рак (рак на дојка, простата и панкреас) и 10 други здравствени состојби како што се астма, расипување на забите, депресија и смрт.
Зголемениот внес на фруктоза носи ризик од панкреатитис
Доказите укажуваат и на фактот дека консумацијата на пијалоци засладени со шеќер е поврзана со зголемена телесна тежина, дури и во случај на минимална потрошувачка, како и со акумулација на маснотии во црниот дроб и мускулите. Анализата покажа дека секој пијалок засладен со шеќер е поврзан со 4 проценти поголем ризик од гихт, а дневната доза на засладени пијалоци над 250 ml е поврзана со 17 проценти поголем ризик од коронарна срцева болест и 4 проценти поголем ризик од смрт. Исто така, доказите покажуваат дека секое зголемување на внесот на фруктоза од 25 грама на ден е поврзано со 22 отсто зголемен ризик од рак на панкреасот.