50 години од претставувањето на првиот мобилен телефон

Пред 50 години беше претставен првиот мобилен телефон во светот – Motorola DynaTAC 8000x.

На 3 април 1973 година, инженерот Мартин Купер го направил првиот повик преку мобилен телефон. Застанал на аголот на Шестата авенија во Њујорк и впишла број во уредот и го ставил на уво. Потоа му се јавил на колегата од конкурентска компанија за да му каже дека му се јавува од пренослив мобилен телефон. 

„Мислам дека чкрташе со забите“, се присети 94-годишниот Купер за Би-Би-Си.

Неодамна раскажа како очекувале еден ден сите да имаат мобилни телефони, но дека никој не ни помислил дека овие уреди ќе станат мали преносливи компјутери.

Првиот мобилен телефон во светот имаше LED дисплеј на кој можеше да прикаже до седум знаци, полнењето на батеријата траеше околу десет часа, а батеријата дозволуваше 30 минути разговор. Телефонот можеше да запомни до 30 бирани телефонски броеви. Motorola DynaTAC 8000x тежеше 790 грама, што е речиси четири пати поголема од тежината на iPhone 14.

Mobilen 4