Колку време се работеше Стратегијата за млади на Струмица
Стратегијата за млади на Општина Струмица за периодот од 2023 до 2027 година се работеше околу 5 месеци. Како појдовна точка и насока во која да се движиме беа истражувањата кои ЦИА НОВУС ги спроведува на годишно ниво кои опфаќаат сегменти како што се задоволство на квалитет на живот на младите во Струмица, младински трендови, предизвици и се тоа што им е важно на младите кои живеат во општина Струмица.
Кога го отпочнавме процесот на изработка на Стратегијата, изработивме и спроведовме методологија која опфати сет на повеќе индивидуални и групни консултативни средби со млади, носители на одлуки, институции кои работат со млади, бизнис заедницата и граѓанските организации. Во меѓувреме за да стигнеме до што е можно повеќе млади спроведовме онлајн анкететен прашалник кој опфати 260 млади на возраст од 15-29 години, а како репрезентативен примерок беа земени 180 анкети. Паралелно на овој прашалник одржавме две работилници со околу 90 млади струмичани, на кои си ги кажаа своите потреби и барања, но и добивме коментари во делот на подобрување на работата на општината кога се во прашање младите.
Зошто е потребна Стратегијата за млади ?
Документотот е неопходнен, бидејки Стратегијата не е листа на желби туку насока во кој правец сметаат младите дека треба општината да се движи и да се развива. Со овој документ институциите имаат база, основа кога ќе се спроведуваат некои планови или програми за младите. Документот е темел на тоа што им треба на младите и какви програми да спроведуваат институциите.
Колку младите беа активни при изготвување на Стратегија?
На почетоткот младите беа резервирани, но понатаму сфатија која е суштината на овој документ. Прво имаа листа на желби, но потоа сериозно размислуваа кои потреби се реални и кои се можните решенија. Конкретно она што го поседува општината како ресурс да се стави во функција на младите и нивните потреби, а не да се предлагаат работи кои општината нема моќ ниту надлежност да ги спроведува.
Што опфаќа Стратегијата за млади на Општина Струмица?
Стратегијата опфаќа седум
приоритетни области во кои се предвидени стратешки мерки и активности кои треба
да бидат имплементирани. Како приоритет се младинското учество,
младинска работа и информирање, квалитетно образование, млади на пазарот на труд, култура и
уметност, спот и рекрација, здравје и благосостојба и последната е здрава
животна средина.
Што опфаќа младинското учество и младинско информирање?
Тоа значи вклучување на младите во креирање на политиките за кои
не се доволно информирани односно да се обезбеди начин и модел како младите да стигнат до навремени информации, со
разбирлива и адаптирана содржина на јазик разбирлив за нив, да добиваат информации за
мерките што ги нуди државата или општината. Предложивме да има централен систем
или апликација каде сите информации за младите ќе се прибираат на едно место и
ќе се дознаваат, а додека пак за младинската работа младите
струмичани побараа можности преку кои ќе си го остваруват нивниот целокупен
личен, социјален и општествен потенцијал.
Што кажаа младите, какво образование сакаат?
Младите сакаат квалитетно образование, односно квалитетна
практична настава. Посакаа дуално образование да се изнајде систем да има
програми младите да обавуваат пракса и да се развиваат во одредена област,
бидејки во моментов место на пракса младите одат на кафе. Значи квалитетно
образование со пракса за да младите бидат поконкурентни на пазарот на трудот.
Во овие области младите побараа можности за доквалификација,
преквалификација, стекнување нови вештини бидејки потребите на пазарот на трудот
се менува. Тука и бизнис секторот е важен, а потребен е и кариерен центар.
Следните области се култура и уметност и
спорт. Што посакаа младите на ова поле?
На младите им фали пристап до култура. Општина Струмица има и
рурални средини и младите од таму немаат пристап до културните настани. Фокус
беше даден и на алтернативната култура. Да се даде поддршка на млади
роднокрајни уметници, да се обезбеди субвенциониран превоз и
карти/влезници до културните институции, но и да се развива уличната култура. За
спортот младите се согласија да се обезбеди рамноправно учество до спортската
инфраструктура во општината, но и да се организират повеќе спортски
настани. Во овој сегмент предлог има и бесплатен транспорт од руралните средини
до спортски објекти во Струмица.
Заштита на животната средина, здравје и
благосостојба. Што предложија младите?
Како прироритет во овие две приоритетни области, младите посакаа
да се поведи грижа за менталното, социјалното и физичко здравје, односно да се
обезбеди пристап на младиот струмичанец до сите услуги од оваа област. Што се
однесува до екологијата младите сакаат зелени површини, да се намали
аерозагаденоста, селекција на отпад…
Кога овој документ ќе биде и официјален?
Стратегијата за млади треба да добие зелено светло од страна на
Советот. Откако советниците ќе го изгласааат следува негова имплементација
бидејки во самата стратегија има и акциски планови кои треба да почнаат да се
реализираат во втората половина од оваа година. Овде важна е и
улогата на Службеникот на млади при општината. Тој треба да биде алка меѓу
младите и општинските власти.