Услугата за кратки видео клипови, наречена „YouTube Shorts“, беше лансирана од Google во јули 2021 година и оттогаш забележа значителен раст.
Google сега се пофали дека „YouTube Shorts“ надминува 50 милијарди дневни прегледи. Пред тоа, Google објави во првиот квартал од 2022 година дека бројот на активни видеа на таа платформа изнесува над 30 милијарди.
Иако ова е импресивна статистика, сервисот на Google всушност заостанува зад сличните услуги што ги нудат Instagram и Facebook. Минатиот октомври Мета објави дека клиповите на „Reels“ на Facebook стигнале до 140 милијарди прегледи дневно на двете платформи.
Во текот на изминатата година, YouTube објави дека „YouTube Shorts“ ги гледаат 1,5 милијарди регистрирани корисници секој месец. TikTok откри дека има повеќе од една милијарда активни корисници месечно, а рекордер е Instagram со над две милијарди активни корисници месечно.
Google, како и другите платформи, ги „тера“ корисниците да гледаат видеа на „Shorts“, а од ноември овие клипови се достапни за гледање на телевизорите.