БидиСвој: Деца под 13 години користат ТикТок без знаење на родителите

Алармантни се резултатите од истражувањето на БидиСвој за темата „Што гледаат струмичките деца на TikTok – знаат ли родителите?!“ што како дигитална платформа го спроведовме во изминатите десетина дена. Околу 150 лица учествува во анкетата со повеќе прашања каде родителите или испитаниците даваа одговори за да се открие што младите гледаат на TikTok, како содржините влијаат врз нивното однесување и дали родителите имаат контрола.

Иако ова платформа е забранета за лица под 13 години дури 73,7 отсто од испитаниците одговориле дека нивните деца ја користат ова мрежа откако 91,7 отсто се изјасниле дека имаат пристап до интернет.

40 отсто од родителите се изјасниле дека не знаат како функционира TikTok а дури 46,6 отсто кажале дека не знаат какви содржини следат нивните деца на ова платформа. Од оние што пак се изјасниле дека знаат што следат нивните деца одговориле дека станува збор за одредени игри, забавни содржини, мода, козметика итн.

Истражувањето на БидиСвој дојде до заклучок дека содржините децата ги следат на ова платформа имаат влијание на нивното однесување. 68,2 од испитаниците потврдиле дека содржините имаат влијание а според одговорите претежно негативно. 

Децата почнале нереално и незаинтересирано да се однесуваат, некои станале нервозни, трети одговорија дека станале агресивни но има и одговори дека содржините имаат позитивно влијание

Во однос дали родителите ги контролираат содржините што ги следат нивните родители 40,5% кажале дека не ги следат а останатиот дел дека прават контрола што следат на TikTok нивните деца. Контролата ја прават на начин што и тие ги гледаат видеата, дека се поврзани со нивните паметни телефони или пак им ги земаат за да проверат што се следат на ова платформа. Родителите кои пак кажале дека немаат контрола одговориле дека не смеат, немале време, не сакале конфронтација со нивните деца а дел кажале дека им веруваат.

Како што пишувавме TikTok има свои предности и негативности. Едни тврдат дека ова платформа ја зајакнува самодовербата кај корисниците други пак сметаат дека е штетна. Најзагрижувачко е што на истата се логираат деца под 13 години. Експертите сугерираат дека родителите се тие кои треба да ја одиграат клучната улога со користењето на социјалните мрежи и какви содржини нивните деца следат.