Општина Струмица го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓани на општината за купување велосипеди во 2023 година. Право да аплицираат имаат сите жители на општината кои во периодот од 21 март до 28 април купиле нов велосипед од територијата на државата а Општина Струмица ќе субвенционира 50% од вредноста на купениот велосипед, но не повеќе од 10 илјади денари по лице со вклучен персонален данок на доход.
На јавниот повик не може да се јават лица кои имаат искористено односно добиено парични средства за купување велосипед во 2020, 2021 и 2022 година.
Право немаат ниту вработените со потесното семејство во Општина Струмица и четирите јавни претпријатија, Комуналец, Струмица гас, Паркиралишта и Стационар Лана.
Барањата за субвенционирање, граѓаните на општина Струмица со потребната документација дека е жител на општината, нема искористено субвенции за таа намена во последните три години и фискална сметка за купен велосипед во затворен плик се доставуваат до Општината секој работен ден. Општината во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите периодично ќе информира за преостанатите средства кои ќе се исплаќаат сукцесивно според редот на пристигнатите барања.
Инаку субвенциите за купен нов велосипед ќе се делат по принципот прв дојден прв услужен се до исполнување на предвидениот буџет за ова година.
Инаку лани за субвенции Општина Струмица издвои 800 илјади денари кои за купен велосипед по физичко лице не повеќе од 4000 денари
Повеќе детали за јавниот повик на Општина Струмица за субвенции за нов велосипед за 2023 може да прочитате ТУКА