Дали новата „Невозможна мисија“ ќе ја надмине заработката на „Топ Ган“?

Судејќи според зборовите на Боб Бакиш, извршен директор на Парамаунт, филмот е сериозен кандидат да го надмине минатогодишниот успех на Том Круз со продолжението на култниот филм „Топ Ган“.

Извршниот директор на Парамаунт рече дека гледањето на филмот е „лудо возење“.

„Публиката целосно го изгуби умот. И нема да престане. Филмот е луд и е како возбудливо возење“, ги опиша Бакиш првите реакции на публиката на прес-конференцијата.

Том Круз е познат по тоа што ги изведува најопасните сцени потребни за снимање сам, без каскадери, што особено можевме да го видиме во филмовите „Топ Ган“ и „Топ Ган: Маверик“.

Токму за последниот дел од „Невозможна мисија“, кој го носи името „Мртво пресметување“ (Dead Reckoning), Круз го подготвува својот најопасен трик досега. Станува збор за BASE скок од карпа што вклучува скокање со падобран, но не од некоја особено голема надморска височина.