Палмата како куќно растение

Со право можеме да кажеме дека палмите како растенија се добредојдени во секој дом. Тие се многу украсни и брзо се прилагодуваат, а една од нивните добри страни е што напредуваат на потемни места.

Затоа, ако се двоумите за тоа кое растение да го купите за да освежите некој мрачен агол од вашиот дом, никогаш нема да погрешите ако изберете палма. Умерено загреана просторија со минимална температура од 10 степени е идеално место за одгледување на ова растение.

Но, потребно е да се внимава да не се пренаводнуваат во текот на зимата, инаку корените може да изгнијат, а со тоа и листовите (добиваат нездрава кафена боја) и ластарите може да се распаднат. Од друга страна, за време на интензивен раст, растението треба почесто да се полева, иако не смееме да заборавиме да се надополнува со течно ѓубриво, кое се изведува на секои три до четири недели. Неопходно е чистење на листовите со влажни сунѓери како и прскање со мали пумпни распрскувачи бидејќи само така можеме да му ја обезбедиме на растението потребната влажност на воздухот.

dypsis-lutescens-areca-cane-golden-cane-palm-plant-royalty-free-image-1643483695

Затоа, палмите не поднесуваат премногу сув воздух и ако се преместат од стаклена градина (каде што им била обезбедена потребната влажност) во просторија со сув воздух, листовите ќе почнат да се сушат набргу потоа. Исто така, важно е да се знае дека младите палми се пресадуваат почесто, додека постарите палми треба да се пресадуваат на секои две до три години. За таа цел, можеме само периодично да го отстрануваме горниот слој на подлогата, кој се заменува со нов. А за да се одгледуваат нови, млади палми, потребно е да се обезбедат здрави семиња што ги сееме напролет на температура од 24-25 степени.

Оставете ги посеаните семиња да никнат во темна просторија, а кога младите растенија ќе ја пробијат почвата ставете ги во полусенка. Добра идеја е да ги извадите израснатите млади растенија во текот на летото и да ги чувате во делумна сенка, за што поскоро да уживате во нивните прекрасни лисја во облик на вентилатор. Но, имајте на ум дека ова се украсни растителни видови со релативно прифатлива цена, кои полесно се купуваат отколку што се произведуваат. И за крај, што можам да кажам освен да потврдам дека палмата е едно од ретките егзотични растенија која се удомила во нашите потопли краишта.