Речиси нема млада личност, тинејџер што не ја користи платформата TikTok кои ја користат како извор на одредени информации, коментирање но и гледање правење и споделувања на видеа. Ова апликација ја користат повеќе од милијарда корисници во светот, но сè уште нема конкретно истражување како истата влијае на менталното здравје кај адолесцентите.
Како и секоја социјална платформа така и TikTok има свои предности и негативности за кои БидиСвој пишуваше. Едни тврдат дека ова платформа ја зајакнува самодовербата кај корисниците но некои сметаат дека е штетна. Најзагрижувачки што ова апликација на паметните телефони ја имаат и деца под 13 години а се почесто низ медиумите може да се прочита за несакани последици од млади личности кои сакале да прават „интересни“ видеа а настрадале.
Родителите ја имаат клучната улога. БидиСвој прави анонимна анкета. Колку знаат за ова платформа и дали се свесни што прават нивните деца преку истата односно какви содржини гледаат. Дали забележуваат промени во нивното однесување и воопшто разговараат ли со децата за и околу користењето на TikTok.