Дали децата се безбедни на Интернет?

Во споредба со постарите, кои ги запознале новите технологии дури во зрелоста, децата се многу подобри во ракување со компјутери и телефони, а се подобри и во навигацијата на Интернет.

Kaspersky неодамна спроведе истражување за да открие колку точно децата и младите ја разбираат технологијата кога станува збор за дигитална измама. Излегува дека, иако младите луѓе и децата во многу случаи се навистина поупатени за новите технологии од нивните родители, тие исто така паѓаат на измами и фишинг линкови, исто како и постарите генерации.

Луѓето од цела Европа беа анкетирани за измами и фишинг. Тие беа прашани дали биле жртви на измама и дали можат да разликуваат лажна веб-страница или е-пошта од вистинска.

Изненадувачки, околу 3 од 10 деца изјавиле дека биле жртва на измама со фишинг, а повеќе од една третина рекле дека знаеле дека биле мета еднаш или повеќе месечно. Можеби уште позагрижувачки е тоа што две од пет деца кои сметаат дека доволно знаат за безбедноста на интернет биле жртви на фишинг.

Постарите генерации, кои често се сметаат за поранливи на онлајн измами, не успеваат да ги научат помладите генерации за тоа како изгледаат опасностите во реалниот свет на интернет, а само двајца од пет возрасни велат дека им помагаат на своите деца да ги препознаат измамите со фишинг.

Можеби ова е затоа што, всушност, некои возрасни (28%), по сопствено признание, знаат малку за безбедноста на интернет и дигиталната безбедност воопшто.

„Се чини дека слепите ги водат слепите“, се заклучува во извештајот на Kaspersky.

Можеби е неопходно да се комбинира – техничкото знаење на младите со свеста за опасностите од реалниот свет на постарите генерации. Тоа би можело да биде совршена безбедносна комбинација.

„Генерално, младите луѓе се  чувстуваат многу поудобно со компјутерите и дигиталната технологија од која било генерација пред нив, но тоа често може да доведе до самозадоволство. Самозадоволство што напаѓачите и измамниците сакаат да го искористат“.