Вегетаријанската храна е скапа – мит или вистина?

Во време кога цените на прехранбените артикли постојано растат, наоѓањето рамнотежа помеѓу цената и квалитетот никогаш не било поголем предизвик. Ова е особено важно кога купувате храна, бидејќи нејзиниот квалитет директно влијае на здравјето.

Кога станува збор за вегетаријанска исхрана, постои предрасуда дека таквиот начин на исхрана е скап и дека тешко се наоѓа храна. Истражувавме дали ова е вистина и кои се омилени вегетаријански намирници помеѓу струмичани-вегетаријанци.

Марија 17 години, e млада струмичанка која го практикува вегетаринскиот начин на исхрана веќе неколку години.

Таа сака да купува вегетаријански намирници и сама си приготвува појадоци дома. За жал во Струмица не постојат специјализирани продавници за тоа, но таа наоѓа од секој маркет по нешто за да се комплетира нејзиното вегетаријанско мени во текот на денот.

Кога станува збор за цената на производите, Марија тврди дека евтините намирници се потешко се наоѓаат и дека цената многу зависи од тоа каде купувате. На пример 200 гр. Тофу сирење (кое е неопходно за вегетаријанците да го внесуваат изнесува 90 – 100 денар/200 гр.). 

Овесно или бадемово млеко е 150 до 200 денари/кг за разлика од обичното млеко од 80 денари/килограм. Авокадо изнесува 269 денари/килограм, додека вегетаријански кашкавал 90 до 100 денари/200 гр.

Во рестораните во Струмица нема доволно избор на вегетаријански специјалитети, а тоа што го има не е многу скапо.

Нашето истражување покажа дека постојат само еден или два типа на вегетаријанска пица или неколку вида вегетаријански салати со цени блиску до останатите видови јадења во менито.

Главен впечаток е дека вегетаријанскиот начин на живот во Струмица не е доволно развиен, пред сè заради малиот број на лица кои консумираат ваков тип на храна мала е понудата низ маркетите и рестораните.

Вегетаријанстово е сепак луксуз за струмичани.