Невообичаени занимања на актерите
пред да станат познати

Исто како и во многу други професии, така и во актерството има поединци кои се родени во актерско семејство, па од нив се очекува да го имаат тој ген и да ја продолжат кариерата во тој правец. Има и такви кои не се родени ниту славни, ниту богати, но морале да се снаоѓаат како знаат и умеат, а нивниот пат дури подоцна ги довел до повик на актер. Пик Џобс пишува дека за време на оваа борба многумина заработиле пари за да преживеат, додека други дури направиле кариери во едно поле, за подоцна да се префрлат на глума.

Во продолжение прочитајте што правеле некои од актерите пред да започнат нивните кариери во таа насока.

Хју Џекман – наставник по физичко образование

Пред да стане актер, Хју Џекмен бил наставник по физичко образование во училиште во англискиот град Упингем. Кога подоцна беше интервјуиран на црвениот тепих од поранешен студент кој стана новинар, Џекмен го праша како напредува неговата физичка подготвеност бидејќи му беше многу важно да го знае тоа. Кратко време Џекмен играл и како кловн на забави, а првата голема улога која го прославила била ликот на Вулверин во филмот „X-Men“ од 2000 година.

Бред Пит – промотор на ресторан

Еден од најпознатите актери на денешницата, Бред Пит, не секогаш се занимавал со ваква гламурозна работа. Всушност, тој еднаш облекол костум на пиле и делел флаери за ресторан, а сето тоа го правел откако го напуштил факултетот само две недели пред дипломирањето. Неговите први големи улоги се „Телма и Луиз“ во 1991 година и „Интервју со вампирот“ во 1994 година.

Тараџи П. Хенсон – секретар во Пентагон

Работните места во Пентагон не се резервирани само за воениот персонал, има и друг персонал. Тараџи П. Хенсон, најпопуларна по улогата во серијата Империја, дење била секретарка во оваа институција, а ноќе пеела песни од Тина Тарнер на речниот брод во Вашингтон. Нејзината прва голема улога е во филмот „Baby Boy“ од 2001 година, а потоа и многу други.

Џорџ Клуни – продавач на осигурување

Џорџ Клуни го напуштил факултетот за да стане актер, што не успеало веднаш. Затоа тој работел различни работи, вклучувајќи и продажба на животно осигурување од врата до врата. Баш и не му одело најдобро, бидејќи кога првпат ја продал полисата, човекот набргу починал. Подоцна имал неколку помали улоги до првата голема во која играл доктор во серијата „ЕР“ во 1994 година.

Софија Вергара – стоматолог

Кога била мала, Софија Вергара сакала да се занимава со медицина, поточно стоматологија. Таа тргнала на тој пат и студирала стоматологија пред да се откаже и да се посвети на актерството. Сето тоа се должи на улогата на Глорија во популарната серија „Модерно семејство“, за која доби многу награди и номинации.

Стив Карел – поштар

Не траело долго, но Стив Карел поминал еден период од својот живот работејќи како поштар во еден мал град во Масачусетс. Рече дека тоа му била најтешката работа во животот, а за тоа морал да користи сопствен автомобил бидејќи не му дале службен. Како најдобар дел од работата го посочи примањето на писмата што малите деца му ги испраќале на Дедо Мраз. Неговата актерска кариера тргна нагоре благодарение на шоуто Saturday Night Five, а вистинската слава ја стекна со улогата на Мајкл Скот во ситкомот „The Office“.

Џон Хам – сценограф

Откако ја изгубил работата во угостителска компанија, Џон Хам барал што да направи за да ги плати сметките. Еден пријател го упатил на сценографија, но се покажало дека станува збор за порно индустријата, па тој не се задржувал многу на тоа. Следеле помали улоги во различни филмови, но признанието дојшло поради главната улога во серијата „Mad Man“.