Гинисов рекордер: Куче со најмногу кученца

Светскиот рекорд по број на родени кученца го држи неаполскиот мастиф Тиа. На 29 ноември 2004 година, таа родила 24 преслатки кучиња и на тој начин влезе во Гинисовата книга.

Гордите сопственици Демијан и Ана Вард (Англија) не очекувале ваков број на кученца. Само неколку дена пред породувањето посетиле ветеринар кој видел десет бебиња на ултразвук. На следниот преглед е одлучено дека е од витално значење на Тиа да и се направи царски рез, бидејќи природното породување ќе трае неколку часа, а ризикот е преголем. Ветеринарот и сопствениците биле шокирани кога извадиле точно 24 кученца, 9 женки и 15 мажјаци. За жал, три починале во првата недела бидејќи биле премногу мали и слаби.

Претходниот рекорд беше 23 кученца, но рекордот на Тиа не е соборен веќе 19 години.

Како би се снашле со толку кучиња на едно место?