1. Колку години ООМУ „Боро Џони„ – Струмица е дел од Струмичкиот карневал со својот „Концерт под маски„?

–  На „Струмичкиот карневал„  ние како училиште нашата музика за прв пат ја донесовме во 2009 година со нашата карневалска маска „Немирни ноти„. Го освоивме првото место и ја добивме престижната Гран при награда која ни беше доделена од Г-дин Ван Дер Крон.

  1. Од каде идеата за Концерт под маски?

Веќе следната година нашето размислување беше на друг начин да дадеме белег на нашата вековна традиција „Струмички карневал„

2009 г. во нашата Концертна сала се одржа првиот „Концерт под маски„ скромно со околу 15 учесници кои беа маскирани спрема композициите кои ги свиреа на своите инструменти. Концертот беше посетен од тогашниот градоначалник на општина Струмица     г-дин Зоран Заев, претседателот на Струмичкиот карневал, г-дин Александар Цицимов со своите гости од светската асоцијација на карневали FECC.

На влезот беа пречекани на црвен ќилим, со звук од фанфари и видно беше нивното воодушевување уште пред почетокот на концертот.

После концертот, зборовите  на г-дин Цицимов беа „ова мора да го види цела Струмица, од следната година вие ќе бидете дел од Струмичкиот карневал и концертот ќе се одржува во Големата сала на НУЦК „Антон Панов„ – Струмица.

  1. Можете ли да ми кажете колку дечиња досега имаат учествувано и како се бираат учесниците?

Секоја генерација е посебна, секоја генерација иа свое обележие секоја генерација е дел од нас. На почетокот концертот под маски броеше помалку учесници и  учествуваа оние ученици кои се истакнуваа натпревари и концерти.Како одминуваа годините, така растеше интересот кај учениците, кај нивните родители но и нашата амбиција за поуспешни концерти се зголемуваше.

Правејки ретроспектива на коцертите до сега на Концерт под маски имаат учествнувано околу 2500 наши ученици.

      1. Како го доживуваат дечињата овој настан, сакаат ли да се маскираат?

      Концертот под маски е пред се проект од љубов и ентузијазам на вработените во училиштето но и нашите ученици. Ова е проект кој е вон наставната програма. Но за негова реализација се вложува многу време,  енергија и љубов.

      Учениците на почетокот се љубопитни, прашуваат и се радуваат. Но најрадосни се кога трба за прв пат да го облечат својот карневалски костим. Се смеат и верувајте со нетрпение го очекуваат денот кога треба да застанат на сцена и да ја одиграт својата улога.

      1. Имате ли сознанија кој концерт е најмногу посетуван и кој најмногу привлече внимание?

      2010г.  –  на првиот концерт во салата на НУЦК Антон Панов – Струмица влезот беше слободен. Салата беше преполна со публика, не само на седиштата туку публика имаше на секаде, на скалите на споредните влезови. Буквално немаше место да се помине.

      Веќе од следната година се организиравме поинаку, за да може да се стави ред во салата. Но и покрај тоа секогаш се бара карти повеќе.

       2019г. Концертот под маски насловен „Џунгла„ беше со најголем број учесници и од тогаш на концерт под маски учествуваат скоро сите ученици.

      Од таа година стана пракса поради големиот интерес , да се оддржуваат по две претстави една по друга со цел да се задоволи интересот на публиката.

      Истиот концерт наловен „Џунгла„ остави голем впечаток како во нашата општина така и пошироко. Веќе во месец април добивме покана од Национална опера и балет од Скопје да го одржаме концертот на нивната сцена со цел да се претставиме пред пубиката во Скопје и пошироко.

      Концертот беше посетен од министри од тогашната влада на РСМ, како и тогашниот претседател на Влада, премиерот г-дин Зоран Заев.

      Основното музичко училиште од Кавадарци со околу стотина свои ученици беа исто така дел од нашата публика.

      На крајот од концертот имаше овации проследени со громогласен аплауз. После тоа тогашниот министер за здравство г-дин Венко Филипче со нашите маски животните од џунглата (изработени рачно од наш колега) не покани на одбележување на Денот на имунизација во Зоолошката градина во Скопје.

      Во мај месец со истите маски бевме поканети во Бања Вруица во Република Србија да учествуваме на деткиот фестивал Дечија чаролија, на кој фестивал секогаш учествува познатиот детски хор на  Леонтина Вукмановиќ.

    1. Дали младите ја негуваат традицијата за карневалот во Струмица? Што мислите?

    Како струмичани сведоци сме на периодот пред и за време на струмичкиот карневал.

    Се организираат маскембали. Младите се маскираат попримуваат друг изглед и се претвараат во нешто друго. На тоа претстојат недели и денови претходно осмислувајќи го и изработувајќи го својот карневалски лик. Мислам дека традицијата во Струмица продолжува но и желбата од година во година да се биде по оргинален во изработка на маски е се поголема кај младите.

    1. Што можеме ние како струмичани да направиме повеќе за традицијата да продолжи и понатаму низ годините?

    Судејќи по тоа што карневалот до ден денешен трае, низ вековите добивал нови димензии прилагодени на времето и општествената ситуација ние како сегашни генерации мораме не само да ја продолжиме таа традиција туку да ја пренесеме и на идните генерации. Тоа што го правиме да продолжи користејќи ја фантазијата и инвентивноста. Ако во секој дом се негува таа традиција и ако во Струмица на улица го даваме тој показ дека традицијата продолжува тогаш не треба да постои сомнеж дека Струмичкиот карневал ќе згасне. Струмица во карневалските денови е необична, радосна, весела несекојдневна. Нека биде таква за навек.

    1. За крај како ќе биде насловен и која ќе биде пораката на овогодинешниот концерт?

    И оваа година концертот под маски ќе понуди уникатна содржина афирмирајќи музика која се пеела и свирела години наназад на светски познатите сцени како и на нашата македонска музичка сцена. Концерт под маски 2023 е насловен „Дами и господа“.