Струмичани на различни начини се солидаризираат и собираат донации за настраданите од разорниот земјотрес во Турција. Лица и институции повторно влегуваат во хуманитарни акции за да соберат средства, облека, конзервирана храна за преживеаните во Југоисточна Турција каде беше епицентарот на силниот земјотрес.
На своја иницијатива средношколци собираа облека, уметници продаваат свои дела, НУЦК Антон Панов отвори кутии за донации, а средствата од продажбата на билети ќе ги донираат на сметката на Солидарниот фонд на Црвениот крст кој пак уште од првиот ден по земјотресот ги отвори линиите за собирање донации.
Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани може да донираат парична помош на:
– Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.
– Како да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на „Македонски телеком“ и „А1“.
Инаку Струмица беше меѓу првите градови кои испрати свои пожарникари во спасувачка мисија. Тим од 8 пожарникари спасители кои се обучени за пронаоѓање и спасување на лица веќе трет ден се во Адијамен Турција во потрага на преживеани.