Дигиталниот свет со себе носи нови предизвици и можности заради што младите се обидуваат да дојдат до нови вештини, и знаења покрај традиционалното школување. Од таа причина последниот период се поактуeлни се т.н „вебинари“ каде заинтесираните можат да дојдат до основни знаења од диталниот свет како програмирање, веб дизјан, дигитален маркетинг….. Милан Савов е меѓу првите во Струмица кој се обидува на ова поле да подаде рака на сите што сакаат да се едуцираат од оваа област . Според него на Струмица и недостигаат настани од ваков тип каде луѓето ќе можат да разменуваат искуства и остваруваат нови контакти но и заеднички да размислуваат за одредени решенија.
„Идејата за организирањето на вакви настани беше поради се поголемиот број прашања кои ги добивав од пријатели. Често ме прашуваат како е да се работи програмирање и маркетинг, дали лесно може да се научи, дали се заработува добро итн. па сметав дека наместо да ги одговарам прашањата поединечно, најдобро е тоа да го направиме пред група која што има интерес да направи некаква промена во кариерата. Започнавме со академија за WordPress програмери, која што ја организираме во заедничка соработка со SMX академијата, а нашата компанијa SmartClick по завршување на академијата ќе му понуди работа на најдобриот студент а и ќе му ја стипендира половина сума од академијата. Ваков тип на академија до сега не е организиран во Струмица, па целта со настанот ни е да ги запознаеме заинтересираните за кариерните можности како WordPress програмер“, вели Савов.
Според него вебинарите што досега се одржани се повеќе информативни. За да длабоко се навлезе во ова област потребни се курсеви, обука, пракса и на крај работа на реални проекти. Доколку некој сака да биде успешен ќе мора да инвестира во своите можности во дополнителни знаења вели Савов бидејќи на тој начин се отвора и можност да отпочнат и свој бизнис.
,,Зошто да не? Секоја иновација е добредојдена и би значело и подигање на економијата, стандардот, развој на нов бизнис кој ќе отвори уште нови работни места, соработки и со други компании. Сето тоа би било само позитивно за градот и за земјата“, вели Савов.
Тој сепак смета дека креирањето на ИТ кадар нема да предизвика нивно иселување. На прашањето на „Биди свој“ дали се плашат дека креираат кадар за извоз, Савов е дециден.
„Многу интересно прашање. Секој треба да има шанса некаде да почне. И јас пред 10тина години сум ја барал истата шанса. Не можеме да знаеме која е крајната цел на младите и дали ќе останат овде или ќе заминат во странство, откако би се едуцирале подобро. Моментално можеби поголем број на луѓе што размислуваат за иселување и не се од ИТ секторот.
Наша компаниска мисија е да го зголемиме животниот стандард на нашите вработени и на нашите клиенти, и да бидеме компанија во која што луѓето ќе чувствуваат припадност. Ако успееме тоа да го постигнеме каде што нашите вработени имаат плати многу повисоки од стандардот, а на нашите клиенти им помагаме да остваруваат многукратно повеќе продажба отколку пред соработката со нас, тогаш процентот кој што ќе размислува да продолжи со живот во друга земја не би требало да биде од финансиски аспект# вели Савов.
Инаку неговата Смартклик им помага на бизнисите во зголемување на продажбата од неколку пати во рок од една година, преку изработка на веб страна специјално унифицирана за нивните потреби и SEO стратегија што ги позиционира на Google како лидери во индустријата и им креира дополнителни канали за привлекување на нивните идеални клиенти.