Сообраќајната култура во Струмица е на многу ниско ниво

Сообраќајната култура во Струмица е на многу ниско ниво, не само кај возачите на моторни возила, туку и кај пешаците и велосипедистите. Вака смета Миле Стојменов според кого тоа е резултат на немањето чести и контуинирани контроли од страна на одговорнните институции но и селективен пристап на казнување.

Како што вели тој за ,,Биди свој“ Струмица располага со добро изградена инфраструктура но проблем е нивното одржување во поглед на санација на ударни дупки, нивелирање на шахти за канализација итн.

Но кога станува збор за почитување на сообраќајните правила и прописи  недостасува поголема едукација и зајакнување на контролниот систем  смета Стојменов кој паралелно е и професор во сообраќајната струка во СОУ „Никола Карев“ како и експерт од областа на безбедност во сообраќајот.

„Сообраќајната култура е поврзана со многу слабата контрола од страна на МВР и изрекувањето на казните. Според мене доколку се зголеми контролата и неселективното казнување на сите ученсици во сообраќајот кој непрописно се однесуваат, на тој начин ќе се зголеми и сообраќајната култура.

Потребно е и поголема едукација во самиот образовен систем, и тоа уште од прво одделение и тоа со цел безбедно движење од дома до училиште, со што многу би променило во подобрување на бебедноста во сообраќајот,, вели за „Биди свој“, Стојменов.

Сообраќајната (не) култура тој ја посочува во несоодветното паркирање, брзината и не пропуштање на пешаци.

Според него надлежните ќе мора да ги зголемат контролите со оглед дека во Струмица се почеста е појавата на узурпирани тротоари  како од моторни возила така и од угостителски објекти. Сето тоа резултира пешаците да се движат по улици со што се загрозува нивната безбедност.  

Смета дека МВР треба да реализира почести акции, а општина да постави заштитни безбедносни одгради на влезовите од училиштата но и подигање на нивелирани пешачки премини.

,,За зголемување на безбедноста мора општинските инспекциски служби заедно со МВР да превземат интензивни мерки за отстранување на паркираните возила од тротоарите, дали тоа ќе е со примена на казни, или со поставување на физичи препреки за обезбедување на тротоарите да не може возилата да се качуват на тротоарите, потоа мора дислокација на контенјерите надвор од тротоарите, а по можност и поставување на подземни контенјери и отстранување на дрвја кои се поставени по средината на тротоарот.

Потребно е поставување на заштитни безбедносни одгради пред сите влезови во училиштата, со што ќе се оневозможи директно претрчување на пешаците на коловозот и ќе се зголеми времето за реагирање на возачите.

И поставување на нивелирани пешачки премини (подигнати за 5 до 7 цм над нивото на коловозот)  со што истите би имале двојна функција, пешачки премин и смирувач на брзината“ вели Стојменов.

Миле и со апел до пешаците кои претрчуваат или преминуваат улици дека треба да бидат внимателни, а доколку е во близина пешачки, преминувањето на улицата да го прават таму.

„Сакам да апелирам до пешаците дека преминувањето на коловозот треба да го извршуват внимателно и прописно, доколку коловозот го преминуват на место каде нема обележан пешачки премин, таквото дејствие да го извршат откако ќе ги пропуштат возилата, бидејќи коловозот е површина наменета за движење на возила и на тој начин ќе се заштитат себеси и нема да предизвикат сообраќајна незгода. Доколку има пешачки премин на близина до 100 метри, пешаците се должни коловозот да го преминат на обележан пешачки преми, а притоа да не користат мобилен телефон и слушалки во двете уши и пред да стапнат на коловозт да погледнт лево или десно, што на тај начин би се ставиле во многу побезбедна ситуација“ подвлече Миле Стојменов.