Поп пејачот Мајкл Џексон во планираниот биографски филм „Мајкл“ ќе го игра неговиот внук Џафар Џексон, објави режисерот на проектот Антоан Фјукуа.
Објавувајќи го Џафар со негова слика во танцова поза како Мајкл Џексон, Фјукуа напиша на социјалните мрежи дека претстојниот филм „ќе ги прикаже настаните што го истражуваат патувањето на човекот кој стана крал на попот“.
Џафар е син на Џермејн Џексон, братот на Мајкл Џексон, и двајцата настапувале како деца во светски познатиот семеен бенд Џексон Фајв.