Microsoft одлучи конечно да ja повлече „рачна кочница“ во врска со понатамошната продажба на оперативниот систем Windows 10.
По 31 јануари 2023 година, корисниците повеќе нема да можат да до купат Windows 10, и покрај тоа што е убедливо најпопуларниот Windows во светот со 67,95 отсто корисници во споредба со Windows 11 и неговите 16,97 отсто корисници.
Ова е дефинитивна одлука на Microsoft и го означува заминувањето на Windows 10 Home и Windows 10 Pro во историјата. Тоа е уште еден во низата потези во реализацијата на планот за исклучување на моментално најраспространетата верзија на Windows. Оваа одлука се однесува како на купувањето така и преземањето на оперативниот систем Windows 10 директно од Microsoft и нивната онлајн продавница.
Во моментот постојат алтернативни начини да се добие копија од Windows 10, но никој не е сигурен колку долго ќе трае овој вид на продажба. Така, на пример, можно е да се купат OEM верзи на Windows 10 Home и Windows 10 Pro на Интернет или да се добијат „клучеви“ за соодветните верзии на „десет“.
Сепак, кристално е јасно дека Microsoft сака да стави крај на Windows 10 и да ги притисне корисниците да мигрираат на новиот Windows 11 OS што е можно поскоро. За таа цел моментално им нуди бесплатна надградба на Windows 11 верзијата на оперативниот систем, па ќе бидат принудени да го направат тоа порано или подоцна, пренесува „Benchmark“.
Без оглед на тоа што продажбата на Windows 10 OS ќе биде прекината, поддршката за крајните корисници ќе остане во сила до 14 октомври 2025 година. Windows 10 ќе продолжи да добива редовни безбедносни ажурирања и закрпи за да Ве заштити од вируси и друг штетен софтвер. По овој датум, поддршката за оперативниот систем Windows 10 завршува.
Корисниците на стари компјутери и платформи кои не ги исполнуваат хардверските спецификации за инсталирање на Windows 11 OS ќе имаат две опции во тој иден момент: да продолжат да го користат Windows 10 OS на сопствен ризик или да купат нов компјутер и да се префрлат на Windows 11.