Социјалните мрежи предизвикуваат зависност и нарушено ментално здравје кај младите

Неконтролираното и безцелно следење на социјалните мрежи може да предизвикат зависност и нарушено ментално здравје кај децата и младите. Вака смета Весна Илова Ташева неурофидбек терапевт од Валандово која тврди социјалните мрежи треба да се користат повремено за одредена цел која би требало да биде во интерес на корисникот а не во контуинитет да се следаат сите објави, коментари, фотографии бидејки тогаш мозокот се ,,бомбардира,, со голем број информации кој не успева навремено да ги обработи. Таа тврди дека паметното користење на овие Социјални платформи на интернет може да донесат бенефити за младите ако рационално се користат но праксата покажува дека младите најчесто гледаат објави, фотографии и коментари со кои сакаат да се поистоветуваат а во реалност сликата е сосема поинаква.

,,Социјалните мрежи се ниезбежен дел од животот. Реално е дека ни ја олеснуваат комуникацијата, ни овозможуваат побрз и полесен начин да добивање и споделување на информации. Трети пак и заработуваат од нив и водат бизниси а некои ги користат и за место за релаксација. Но сето тоа во одредена цел која си ја поставува корисникот,, смета Илова Ташева

Сепак таа смета дека прекумерното користење на социјалните мрежи знае да биде штетно особено кај младите бидејки стануваат зависни. Неконтролираното или постојано користење на социјалните мрежи негативно влијае на менатлното здравје од три апсекти.

,,Првиот аспект е што предизвикуваат отсуство на социјалнаа интеракција. Многу често може  да се збележи како група на млади во кафуле место да разговарат сите во рацете држат телефони и никој со никого не разговара. Вториот аспект е емоционалниот а тое е дека расте чувството на страв да не се пропушти нешто важно и да не се биде во тек со следењето на одредени личности со кои сакаме да се споредуваме или постоветуваме. А колку повеќе се поистоветуваме со туѓи животи расте чувството на незадоволство, очај, тага од нашиот реален живото и секнува само довербата. 

Според неа решението е во контуинирана едукација на децата и младите за можното штетно влијание на социјлните мрежи, потоа следење на своите деца преку соодветни апликации колку и што користат на социјалните мрежи но и поголема медиумска писменост за да можат младите да имат основа на што да веруваат на социјалните мрежи и за што да ги користат.

Сето тоа пак предкизвикува негативни последици од психолошки аспект бидејки немаме внимание, концентрација, фокуст на други активности што треба да ги реализраме,, вели Илова Ташева.