Гевгелија ќе добие велосипедска Off Road патека за одржување Велотлон

До крајот на април Гевгелија ќе добие велосипедска Off Road патека на која во мај ќе се одржи првиот Гевгелиски Велотлон. Патеката во должина од 4 километри се наоѓа во месноста Долна Корија кај Негорски Бањи и треба да биде дополнителна туристичка атракција за Гевгелија. Таа се работи во рамките на проектот ,,Гевгелија Вело град’’ што го имплементира друштвото „Дичо Панов“. 

Како што не информираше Виктор Гавровски целиот проект има за цел да иницира здрави животни навики и развивање на спортскиот дух кај младите во Гевгелија.

До крајот на април Гевгелија ќе добие велосипедска Off Road патека на која во мај ќе се одржи првиот Гевгелиски Велотлон. Патеката во должина од 4 километри се наоѓа во месноста Долна Корија кај Негорски Бањи и треба да биде дополнителна туристичка атракција за Гевгелија. Таа се работи во рамките на проектот ,,Гевгелија Вело град’’ што го имплементира друштвото „Дичо Панов“. Како што не информираше Виктор Гавровски целиот проект има за цел да иницира здрави животни навики и развивање на спортскиот дух кај младите во Гевгелија.

На планинаската вело патека што се гради, кон средината на мај се планира да се одржи Велотлон на кој ќе присуствуваат стотина велосипедисти од земјава и странство. Една од целите на проектот е и зголемување на економската активност на општина Гевгелија,, конкретно да се збогати  туристичката понуда со организирање на велосипедски спортски настани.

,,Очекуваме активностите околу патеката да ги завршиме до крајот на април од причина што во текот на месец мај е предвидено одржување на спортскиот настан од натпреварувачки карактер Гевгелиски Велотлон.Велосипедската патека во иднина ќе можат да ја користат сите граѓани, не само за возење велосипед туку и за пешачење, трчање, како и за рекреирање со совладување препреки,, вели Гавровски

Проектот ,,Гевгелија Вело град’’ се работи во рамки на програмата за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската Унија а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Проектот има за цел за промоција на велосипедизмот и интересите на велосипедистите  предвидува одржување неколку работилници со јавната администрација, урбанистичките планери, туристичките работници, работилници по основните училишта и средношколскиот училишен центар. Дополнително, изработен е видео спот за промоција на проектот, издаден е Прирачник за добри практики од областа на велосипедизмот, кој обработува добри практики од земји и градови од Европа, Западен Балкан и Македонија, а за промоција на Гевгелискиот Велотлон се подготвува и анимирано 3Д видео.