Не е новост дека комуникацијата со слики и видеа одамна стана нормална, вообичаена и пожелна. Доказ за ова е проширувањето и популарноста на TikTok, но и видео форматот воопшто. Комуникацијата без зборови е сè почеста појава која ни ја донесоа друштвените мрежи. Можеме да се разбереме без ниту еден збор. Тука се емотиконите, гифови, мимови, налепници, реакции, лајкови и многу повеќе. Прашањето е, колку навистина се разбираме меѓусебно и каков е квалитетот на ваквата комуникација?
Основа на комуникацијата е размената на информации помеѓу оној што ги испраќа и оној кој ги добива информациите. Некако се подразбира дека тој некој нè слуша и ја разбрал информацијата онака како што сме замислиле. Но, често, ова не е баш така. Се заборава на контекстот кој е многу важен и кој може да биде отсутен во онлајн комуникацијата без зборови.
Експертот за дигитални комуникации Никола Ристиќ истакнува дека е важно да се знае на која комуникација каде и е местото и кога е соодветно да се користи.
„Се разбира, во некои приватни кругови овој вид на комуникација е добредојден, додека во бизнис средина или во комуникација со професори не е место за мимови и слично. Дури и со неформалната комуникација, што се однесува до значењето на симболот или содржината што се испраќа, важно е и двете страни да бидат на исто ниво. Имаме мимови кои може да бидат исклучително смешни на едната страна, додека другата страна може да биде повредена поради некои различни искуства и интерпретации на таа содржина. Затоа е важно двете страни да бидат свесни дека одредени работи не значат исто за сите. Верувам дека ова денес не е голем проблем за младите луѓе, бидејќи тоа е неформална комуникација”, објаснува Никола.
Милан Дамјановиќ вели дека емотиконот е резервиран за повеќе формална комуникација, а гифовите се резервирани за шеги и забава.
„Користам емотикони кога се допишувам со некој што не го познавам добро, така што формалноста е скршена и донесува некоја емоција. Што се однесува до мимовите и гифовите, дефинитивно ги користам почесто, особено со пријателите бидејќи тоа е нашиот вид на хумор. Преку тоа ја изградивме нашата комуникација, а со гифовите го зголемувам интензитетот на некоја шега. Претежно го правиме сето тоа за забава и не гледам дека ги повредува нашите комуникациски вештини”, рече Милан.
„Се разбира, во некои приватни кругови овој вид на комуникација е добредојден, додека во бизнис средина или во комуникација со професори не е место за мимови и слично. Дури и со неформалната комуникација, што се однесува до значењето на симболот или содржината што се испраќа, важно е и двете страни да бидат на исто ниво. Имаме мимови кои може да бидат исклучително смешни на едната страна, додека другата страна може да биде повредена поради некои различни искуства и интерпретации на таа содржина. Затоа е важно двете страни да бидат свесни дека одредени работи не значат исто за сите. Верувам дека ова денес не е голем проблем за младите луѓе, бидејќи тоа е неформална комуникација”, објаснува Никола.
Новите технологии ни донесоа многу можности и ни помогнаа на многу начини. Тие донесоа и ризици, што се однесува до комуникацијата, сигурно е дека сме напредувале и дека сме ги прошириле начините на кои се разбираме. Важно е да не се заборави дека реалноста е и надвор од онлајн светот, каде што е важно да можеме да комуницираме, слушаме и реагираме.