Најплатениот актер и актерка во 2022 година

Еве сме на почетокот на годината, а со тоа доаѓа листата на најплатени холивудски актери во 2022 година.

Прв на листата е Том Круз со заработени 100 милиони долари, најмногу благодарение на „Топ Ган 2″, кој излезе во август и заработи 1,37 милијарди долари.

Следува Вил Смит со 35 милиони долари. За него, оваа година започна неславно по Оскарите, но сепак неговиот филм „Еманципација” доби бројни позитивни критики.

Трет на листата е Леонардо Ди Каприо со заработка од 30 милиони долари, а неговиот последен филм „Убиства под Цветната Месечина“ му обезбеди место на оваа листа. Бред Пит има иста заработка како Леонардо Ди Каприо оваа година, а по филмот „Брзина на куршумите” направи договор за улога на ветеран формула 1 возач.

Последен на листата на најплатени актери за оваа година е Двејн Џонсон, кој заработи 22,5 милиони долари за својата прва улога како суперхерој во „Блек Адам“. Листата продолжува со актерите Вил Ферел, Крис Хемсворт, Вин Дизел, Том Харди и Хоакин Феникс, кои заработија по 20 милиони долари.

Кога станува збор за холивудските актерки, Марго Роби е прва на листата со 12,5 милиони долари благодарение на нејзината главна улога во „Барби”. Сандра Булок е следна на списокот со 10 милиони долари за нејзината главна улога во „Изгубениот град“.

Зендаја се најде на третото место со 10 милиони долари за улоги во неколку филмови, вклучувајќи ги „Дане“ и „Еуфорија“. Следна на листата е Мили Боби Браун со 10 милиони долари за нејзината улога во „Енола Холмс 2“.

Последна на листата е Лејди Гага со еднаква заработка од 10 милиони долари за улогата на Харли Квин во продолжението на мегахитот „Џокер“. По Гага, листата ја продолжуваат Џенифер Лопез, Гал Гадо, Емили Блант, Џејми Ли Кертис и Ања Тејлор-Џој.